Катастарска Парцела 781 — археолошко наоѓалиште во руралниот дел на скопската населба Радишани, Општина Бутел. Претставува населба од римското време, што сведочи за долгата историја на ова населено место.
Пронајдените остатоци лежат на тесна парцела во месноста Дуб[1], долж патот од Радишани за Кучевиште, на околу 300 м од десниот брег на Серава.
Постоењето на оваа стара населба е утврдено кога сопственикот Р. Радовановиќ, при израмнување на земјиштето, оштетил помал градежен објект. Подоцна, со направениот увид е пронајдено големо количество градежен материјал и парчиња од римски керамички садови.[2] Пронајдена е и вотивна мермерна плоча со димензии од 21 × 14 × 2,5 см и релјефна претстава на т.н. „дунавски коњаници“.
Наводи