Љубанци — археолошко наоѓалиште кај скопското село Љубанци, Општина Бутел. Претставува осамен наод од римско време.
Во урнатините на селска црква (веројатно „Св. Богородица“) се откриени пет фрагменти од римски споменици. Четири од нив се надгробни, а еден е вотивен и посветен на богот Збелтурд, сите со латински натписи. Спомениците се исчезнати.[1]
Поврзано
Наводи