Историските области на Истанбул се група на подрачја кои се наоѓаат во областа Фатих, во градот Истанбул, Турција. Овие области биле додадени на списокот на светско наследство на УНЕСКО во 1985 година.
Во овој список на светско наследство се вклучени и згради и градби како Сарајбурну, палата Топкапи, Аја Софија, џамија Султан Ахмед, Аја Ирина, џамија Зејрек, џамија Сулејманије, Мала Аја Софија и Цариградските ѕидини.
Зони
Светското наследство опфаќа четири зони, илустрирајќи ги главните фази во историјата на градот користејќи ги неговите најпрестижни споменици:
- Археолошкиот парк, кој во 1953 и 1956 година бил дефиниран на врвот на полуостровот;
- квартот Сулејманије, заштитен во 1980 и 1981 година;
- квартот Зејрек, заштитен во 1979 година;
- зоната на бедемите, заштитена во 1981 година.
Галерија