Илеш Шпиц (2 февруари 1919 во Будимпешта — 1 октомври 1961 во Скопје) — унгарски фудбалер и фудбалски тренер со еврејско потекло.[1]
Животопис
Бил дојден во Скопје од ФК „Хајдук“ од Сплит за тренер на ФК „Граѓански“ во 1938 година, кој под неготово стручно раководство станал прволигаш во сезоната 1938-1939. Бил тренер и на СК „Македонија“ од Скопје во периодот 1941-1944, член на Елитната дивизија на Бугарија. Окупаторските власти се обиделе да го интернираат во логор на смртта во 1942 година, но поради силниот отпор на јавноста и енергичното залагање од Управата на Клубот, бил симнат од возот кај Врање и вратен во Скопје. По Ослободувањето го тренирал ФК „Партизан“ од Белград и ФК „Вардар“ од Скопје.
Умрел во Скопје покрај фудбалскиот тренер, непосредно по натпреварот на ФК „Вардар“ против ОФК „Белград“.
Наводи
Надворешни врски