Вертикални три ленти во сина, жолта и црвена боја со националниот грб во средина.
Националното знаме на Андора било усвоено во 1866. Знамето е составено од три вертикални полиља, црвено, жолто и цино, со државниот грб на Андора во средината. Иако на прв поглед полињата се исти, сепак жолтото поле е за нијанса пошироко од останатите.[1]
Дизајнот на знамето е заснован на знамињата на Шпанија и Франција, двете држави што ја гарантираат независноста на земјата. Триколорот е земен од француското знаме како и синото поле. Црвеното и жолтото поле се преземени од шпанското знаме