Куќи во северниот дел на селото
Златари — село во Општина Ресен, во областа Преспа, во околината на градот Ресен.
Златари — село во областа Преспа. Од градот Ресен е оддалечено 5 км. Соседни села се Кривени од север, од североисток со Смилево, од југоисток со Сопотско, и од југ и југозапад со Ресен и Јанковец.
Во XIX век селото било дел од Битолската каза, нахија Горна Преспа, во Отоманското Царство. Во 1903 година, комити од Златари имаат загинато во борби против османлиската војска.
На 6 јули 1942 година, над Златари, на планината Бигла бил создаден партизанскиот одред „Даме Груев“. Жители на Златари кои учествувале во НОБ се Димитри „Мите“ Трајчески - Старејко (1920-1943) и Наум Веслиевски - Овчарот. На 2 декември 1943 година, во Златари, баталјонот „Мирче Ацев“ одржал политички состанок.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Златари живееле 370 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Златари имало 432 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Златари се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 72 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци и 100 Турци.[5]
Селото имало 290 жители во 1961 година, додека во 1994 година живееле 124 жители.
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 118 жители, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 72 жители, од кои 69 Македонци и 3 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Златари е македонско село.
Родови во селото се: Видановци (Стојановци), Гајтановци, Головодовци, Митевци, Недановци, Нечовци (Нелковци), Поповци, Пупалевци, Павловци и Тозиовци.[12]
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:
Во селото постои избирачкото место бр. 1629 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 79 гласачи.[15]
До 1949 година од селото има иселеници во Јужна и Северна Америка (осум семејства), Бугарија (две семејства), Ресен (четири семејства), Скопје (едно семејство), Битола (едно семејство) и во Турција (едно семејство).[13]
|title=