Зигберт Тараш

Зигберт Тараш
Целосно имеЗигберт Тараш
ЗемјаГерманско Царство Германско Царство
Вајмарска Република Германија
Нацистичка Германија Германија
Роден5 март 1862
Бреслау, Германско Царство
Починал17 февруари 1934
Минхен, Германија
Титулавелемајстор

Зигберт Тараш (роден на 5 март 1862 во Бреслау - починал на 17 февруари 1934 во Минхен) бил германски шаховски велемајстор, кој се смета за еден од најсилните шахисти на крајот од 19. и почетокот од 20. век. По професија бил лекар.

Неговите успеси во шаховската кариера биле во подем, уште по првите учества на силните турнири. Веќе на крајот од 1880-тите го вбројувале меѓу најдобрите шахисти во светот. Во тој период, развојот на неговата кариера бил попречен од неговата професија, па бил принуден да ја одбие поканата да го предизвика светскиот првак, Вилхелм Штајниц, во меч за светски првак. Долго време потоа, не можел да игра за титулата, кога конечно во 1908 година го предизвикал Емануел Ласкер, но загубил. Победил на бројни силни шаховски турнири, поради што го нарекле „турнирски светски првак“. Во 1914 година, бил еден од петте шахисти, кои официјално станале првите шаховски велемајстори.

Тараш бил Евреин, но во 1909 година го прифатил христијанството.[1] Се оженил двапати и имал три сина и две ќерки со првата жена. Бил голем патриот и се соочил со антисемитизмот во раната фаза на развојот на нацизмот.

Тараш бил и познат шаховски теоретичар, по кого се именувани бројни шаховски отворања, а по него било именувано и познатото „Тарашово правило“. Бил и познат шаховски автор. Во воведот од книгата „Шаховската игра“ од 1931 година, за шахот запишал:

Шахот, како љубовта, како музиката, ја има силата да го направи човека среќен.

Шаховска кариера

Рани години

Тараш матурирал во Елизабетината гимназија во Бреслау во 1880 година. Истата година се преселил во Хале, каде што се запишал на студии по медицина, а за време на студиите работел како лекар. Во слободното време, со целата страст му се посветл на шахот.

Првиот голем успех како шахист, го постигнал со победта на силниот турнир во Нирнберг во 1883 година. Во 1889 година, победил на шаховскиот турнир во родниот Бреслау, во 1890 на меѓународниот турнир во Манчестер, а во 1892 година и на турнир во Дрезден. Во тоа време, Тараш веќе го вбројувале меѓу најдобрите шахисти во светот. Во 1894 година, Тараш победил и на шаховскиот турнир во Лајпциг.

Врвна кариера

На преминот од 19. во 20. век, Тараш ги остварил најголемите успеси. Неговиот најголем историски Ело рејтинг се проценува дека го достигнал во јуни 1895 година и изнесувал 2824 бода. Во тој период, особено се значајни неговите успеси на турнирот во Хејстингс во 1895 година на кој го освоил второто место, завршувајќи веднаш зад Хери Пилсбери, на турнирот во Нирнберг во 1896 година, на кој исто така го зазел второто место, веднаш зад светскиот првак Емануел Ласкер, како и на царскиот јубилеен турнир во Виена во 1898 година и на турнирот во Монте Карло во 1903 година. Во овој период, поради доминантната игра на турнирите, многумина го нарекувале „турнирски светски првак“.

Во 1905 година, својата моќна игра ја демонстрирал, убедливо победувајќи го Френк Маршал во меч кој завршил со резултат +8-1=8 во полза на Германецот. Две години подоцна, Тараш победил и на шаховскиот турнир во Остенде, на кој учествувале и Шлехтер, Јановски, Маршал, Берн и Чигорин.

Кандидат за светски првак

По одличните турнирски резултати на крајот од 1880-тите и почетокот од 1890-тите години, Тараш бил еден од најдобрите шахисти во светот и еден од можните предизвикувачи на светскиот првак, Штајниц. Тараш имал подобар вкупен резултат против Штајниц, кој изнесувал +3-0=1, па така во 1892 годима, добил покана да игра меч за светски првак во Хавана, која поради работни обврски морал да ја одбие. Следната година, одиграл меч против преизвикувачот за светски првак, Михаил Чигорин, кој завршил нерешено, 11-11 (+9-9=4).

Откако Емануел Ласкер станал светски првак во 1894 година, Тараш не можел да го предизвика. Според шаховскиот историчар и автор, Фред Рајнфелд,

„Тараш ја имал таа судбина да игра второкласно во остатокот од својот живот.“[2]

На пример, Ласкер имал многу подобри вкупни резултати во партиите одиграни против исти противници. Против Чигорин, Тараш имал +2 во 34 одиграни партии, додека Ласкер имал +7 во 21 партија, против Рубинштајн, Тараш имал негативен резултат од -8, без ниту една победа, додека резултатот на Ласкер изнесувал +2-1=2, против Јановски, Тараш бил успешен, остварувајќи +3, но Ласкер бил многу поуспешен, остварувајќи позитивен резултат од 22 бода, против Мароци, Тараш имал +3, но Ласкер имал +4 (+4-0=1),[3] а против Теихман, Тараш остварил резултат +8-5=2, додека Ласкер ги добил сите четири турнирски партии против истиот противник.[4] Сепак, Тараш имал и подобри вкупни резултати против некои силни противници, па така против Хери Пилсбери, Тараш остварил резултат, кој изнесувал +6-5=2, додека резултатот на Ласкер бил +5-5=4.[4]

Сепак, Тараш успеал да го предизвика Ласкер на меч за светски првак, дури во 1908 година. Но, и покрај долгогодишното соперништво, односот меѓу двајцата шахисти не се влошил. На церемонијата пред почетокот на мечот, Тараш се поклонил пред светскиот првак и му рекол:

За Вас д-р Ласкер, имам само три зборови, шах и мат.[5]

Мечот се одиграл во Диселдорф и Минхен, а се играл во осум добиени партии. Ласкер победил со резултат 8-3, со 5 реми партии.

Во 1916 година, Тараш одиграл уште еден меч против Ласкер, кој важел како реванш-меч за мечот во 1908, но не и како меч за светски првак. Овој меч, Ласкер го добил уште поубедливо, победувајќи со 5-0, со една партија која завршила реми.

Подоцнежна кариера

Во 1914 година, Тараш учествувал на шаховскиот турнир во Санкт Петербург, на кој учествувале сите силни шахисти во тој период. На турнирот завршил четврти, веднаш зад светскиот првак, Ласкер и идните светски прваци Капабланка и Алехин. Неговата победа во 19. натпреварувачки круг против водечкиот Капабланка, се покажала како клучна за крајниот исход на турнирот.

За време на одржувањето на турнирот, од страна на руското царско семејство, за првпат била доделена титулата велемајстор. Заедно со Ласкер, Алехин, Капабланка и Маршал, Тараш се вброил во групата на првите официјални шаховски велемајстори.

До 1928 година, Тараш продолжил да учествува на силните шаховски турнири, но не остварил некои забележителни резултати. Во 1927 година, како член на шаховската репрезентација на Германија, учествувал на првата официјална шаховска олимпијада, која се одржала во Лондон, играјќи на прва табла. На возраст од 65 години, Тараш остварил пристоен резултат од 8½ од вкупно 15 бода (+4-2=9).[6]

Семејство и личен живот

Тараш, кој се родил во еврејско семејство, се оженил со Ана Розалие Рудолф (1865-1940). Со неа имал три сина и две ќерки. Неговиот прв син, Фридрих „Фриц“ Макс Тараш (роден на 11 март 1888 година) бил крстен по името на почесниот крал на Прусија, Фриц.[7] Тој бил доктор на науки и потпоручник, кој бил одликуван со железен крст. Починал на 14 мај 1915 година на западниот фронт во Првата светска војна.[7] Вториот син, Ханс Рихард (роден на 6 јули 1890 година) несреќно го загубил животот во 1916 година, кога бил прегазен од трамвај во Минхен.[7] Третиот син, Паул (роден на 15 април 1892 година) бил талентиран шахист, но починал на 20-годишна возраст, на 9 септември 1912 година во Хамбург. Како причина за смртта била посечена „акутна срцева мана“, иако всушност момчето се самоубило[7] поради љубовна мака.

На 28 мај 1909 година, Тараш ја сменил верата, пристапувајќи кон евангелистичко-лутеранската црква.[1]

Во 1924 година, се развел со Ана Розалие Рудолф и истата година се преженил со Гертруда Шредер (1892-1966).

Најголемиот дел од своот живот го поминал во Нирнберг, а последните години ги поминал во Минхен. Починал на 17 март 1934 година во Минхен. Погребан е на северните минхенски гробишта, во парцелата бр. 128.[8]

Борбата против антисемитизмот

Со воведувањето на антисемитските правила, на 31 декември 1931 година во германија била формирана „Голема германска шаховска лига“, чиешто седиште е Берлин, а во која можеле да членуваат само Германци со арјанско потекло.[9] Лигата постоела, сè до 9 јули 1933 година, кога на состанок во Бад Пирмонт било одлучено истата да се соедини со големата германска шаховска лига.[10] Своето мислење за измените, Тараш го искажал во изданието на своето списание, Tarraschs Schachzeitung, за месец август 1933 година, во кое повикувајќи се на големата германска лига запишал:

Ариевскиот став мора да се сочува?[11]

За својата националност, како и обликот на догматските правила, кои ги формулирал за целиот свет, Тараш ја истакнувал потребата да биде Германец меѓу Германците, а не Евреин меѓу Германците.[10]

Шаховски учења

Уште додека бил жив, Тараш го нарекувале Praeceptor Germaniae (во превод „Учител на Германија“). Врз основа на идеите на Штајниц, предавал за значењето на центарот, ловечката двојка и просторната предност и ги направил полесно сфатливи за просечниот шахист. За разлика од Штајниц, напоменувал и на значењето на мобилизацијата на фигурите, а не ги сакал затворените позиции со малку простор за игра, велејќи дека се „сзародиш на поразот“. Освен тоа, бил убеден дека во секоја позиција постои апсолутно „најдобар потег“, којшто треба да се пронајде. Со тоа, станал претходник на современиот шах.[12]

Бил голем противник на претставниците на хипермодерната школа, кои неговото учење го прогласиле делумно за догматско.[13] Од денешна гледна точка, тврдењето дека Тарашовите учења биле догматски, се отфрлаат како нереални.[14]

Иако по потекло бил Евреин, Тараш бил голем германски патриот, кој имал за цел шахот да го доведе на ниво на национална игра на Германија. Поттикнат од ветеринарот Киок од Магдебург, во изданието на Tarraschs Scahchzeitung за месец април 1933 година, тој едноставно моли за оваа идеја, којашто претходно ја споменал во изданието на истото списанието за месец декември 1932 година, во кое запишал:

Не може ли шахот конечно да стане национална игра на Германија? И кои понатамошни очекувања треба да се приложат? Каков напредок на генералното културно ниво, дури и морален, доколку шаховската табла ја замени масата за карти! Вистински погодок, вреден за потење на благородните луѓе!”

Шаховски теоретичар

Придонесот на Тараш во унапредувањето на шаховската теорија се огледа во неговите анализи, особено во фазите на отворањето и завршницата.

Шаховски отворања

abcdefgh
8
a8 црн топ
b8 црн коњ
c8 црн ловец
d8 црн дама
e8 црн крал
f8 црн ловец
g8 црн коњ
h8 црн топ
a7 црн пешак
b7 црн пешак
c7 црн пешак
f7 црн пешак
g7 црн пешак
h7 црн пешак
e6 бел пешак
d5 црн пешак
d4 бел пешак
e4 бел пешак
a2 бел пешак
b2 бел пешак
c2 бел пешак
d2 бел коњ
f2 бел пешак
g2 бел пешак
h2 бел пешак
a1 бел топ
c1 бел ловец
d1 бел дама
e1 бел крал
f1 бел ловец
g1 бел коњ
h1 бел топ
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Тарашовата варијанта во Француска одбрана

Во современата шаховска теорија, неколку варијанти во шаховските отворања се именувани по Тараш. Тарашовата одбрана во дамски гамбит е варијанта којашто отсекогаш ја претпочитал во ова отворање, а настанува по потезите: 1.d4 d5 2.c4 e6 3.Sc3 c5.[15] Во Француска одбрана, Тарашовата варијанта варијантата настанува по: 1.е4 е6 2.d4 d5 3.Sd2.[16][17] Обете варијанти уживаат голема доверба денес и често се среќаваат во велемајсторските партии. Во теоријата на отворањето е позната и Тарашовата стапица, која всушност претставува критична позиција од една партија, која Тараш во 1892 година ја одиграл против Марко. Позицијата настанува по: 1.e4 e5 2.Sf3 Sc6 3.Lb5 d6 4.d4 Ld7 5.Sc3 Sf6 6.0-0 Le7 7.Te1 0-0.[15][18] Меѓу останатите отворања именувани по него се и Тарашовата одбрана во Каталонско отворање, која настанува по: 1.d4 Sf6 2.c4 e6 3.g3 d5 4.Lg2 c5 5.Sf3 Sc6[19] и Тарашовата варијанта во Руска партија, која настанува по потезите: 1. е4 е5 2.Sf3 Sf6 3.Sxe5 d6 4.Sf3 Sxe4 5.d4 d5 6.Ld3 Ld6 7.0-0 0-0 8.Qd2 d5.[20]

Тарашово правило

Своите анализи на завршниците, Тараш сликовите ги прикажал во шаховски композиции. Но, проучувајќи ги топовските завршници, тој дошол до заклучок, според кој во позиции во кои на шаховската табла има проодни пешаци, топот најдобро го заштитува сопствениот пешак, доколку се наоѓа зад него, овозможувајќи му да напредува. А, доколку топот се наоѓа зад противничкиот пешак, пешакот не може да напредува без да е заштитен. Во шаховската теорија и литература, ова правило е познато како „Тарашово правило“ и има голема улога во изучувањето на шаховските завршници. Сепак, истото има исклучоци, за што сведочи самиот Тараш со следните зборови:

Секогаш ставајте го топот позади пешакот... Освен, доколку тоа е погрешно.[21]

Шаховски автор

Покрај својата шаховска кариера, Тараш е значаен и како автор на шаховскиа литература. Неговите три дела: „Триста шаховски партии“ (1895), „Модерна шаховска партија“ (1912) и „Шаховската игра“ (1931) се сметаат за класика на шаховската литература.

Покрај авторството на книги, редовно пишувал содржини за повеќе шаховски списанија. Во 1897 година, бил уредник на познатиот месечник „Deutsche Schachzeitung“. Неговите коментари, понекогаш биле остри и лути, така што долго време бил во конфликт со засегнатите, како на пример со виенскиот мајстор и издавач Георг Марко или Арон Нимцович.

На почетокот од 1930-тите, Тараш издавал сопствено списание, насловено „Tarraschs Schachzeitung“. Неговиот углед бил толку голем, така што иако роден како Евреин, Нацистичката партија му дозволила да го издава делото и не го забранила истото.

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Chess Notes 5997, Едвард Винтер
  2. Fred Reinfeld: Tarrasch's Best Games of Chess, David McKay Co., Philadelphia, 1947, стр. xvii.
  3. Andy Soltis: Why Lasker Matters, Batsford, London, 2005, стр. 161
  4. 4,0 4,1 Chessgames.com database
  5. Harold C. Schoenberg, Grandmasters of Chess, W.W. Norton & Co., New York, 1981, стр. 124
  6. Tarrasch, Siegbert[мртва врска], профил на Зигберт Тараш на OlimpBase
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 Зигберт Тараш, прв дел, Chesscafe.com
  8. SchachReport 1996/12, стр. 88
  9. Ranneforths Schachkalender 1933, Hedewigs Nachf., Leipzig 1933, стр. 113
  10. 10,0 10,1 Зигберт Тараш, втор дел, Chesscafe.com
  11. Tarraschs Schachzeitung, 1933, стр. 334).
  12. Wiener Schachzeitung, Heft 5. Nachdruck: Nimzowitsch, mein System, Hamburg, 1999, стр. 282
  13. Nimzowitsch, aaO., стр. 283 ff
  14. Garry Kasparov: On my great Predecessors, Part I, 2007, стр. 160 ("Tarrasch's critics unfairly called him dogmatic")
  15. 15,0 15,1 Шаховска археологија: Отворања класифицирани со ЕШО кодовите од D30 до D69
  16. „Список на шаховски отворања на Бил Вол“. Архивирано од изворникот на 2009-10-28. Посетено на 2010-08-12.
  17. Шаховска археологија: Отворања класифицирани со ЕШО кодовите од C00 до C19
  18. Шаховска археологија: Отворања класифицирани со ЕШО кодовите од C60 до C99
  19. Шаховска археологија: Отворања класифицирани со ЕШО кодовите од Е00 до Е09
  20. Шаховска археологија: Отворања класифицирани со ЕШО кодовите од C42 до C43
  21. Andrew Soltis, Grandmaster Secrets: Endings, Thinker's Press, 2003, стр. 129, ISBN 0-938650-66-1

Литература

  • Wolfgang Kamm: Siegbert Tarrasch, Leben und Werk. Unterhaching 2004, ISBN 3-933105-06-4.
  • Alfred Brinckmann: Siegbert Tarrasch, Lehrmeister der Schachwelt. Berlin 1963.
  • Andrew Soltis: Grandmaster Secrets: Endings, Thinker's Press, 1997, 0-938650-66-1.

Надворешни врски

Предлошка:Нормативна котрола

Read other articles:

Mazda 323 4WD Turbo (GTX) (BF)Descrizione generaleCostruttore  Mazda Tipo principaleHatchback 3 porte Altre versioniMazda 323 Produzionedal 1986 al 1989 Sostituita daMazda 323 GTX Altre caratteristicheDimensioni e massaLunghezza3990 mm Larghezza1645 mm Altezza1395 mm Passo2400 mm Massa1110 kg AltroAssemblaggioHiroshima Stessa famigliaMazda 323 Mazda 323 4WD Auto similiLancia Delta HF 4WD, Ford Sierra Cosworth, Toyota Celica GT-Four, Mitsubishi Galant VR-4 La...

 

село Ластівці Церква Покрови Пресвятої БогородиціЦерква Покрови Пресвятої Богородиці Країна  Україна Область Хмельницька область Район Кам'янець-Подільський район Громада Жванецька сільська громада Основні дані Засноване 1512 Населення 591 Площа 2,865 км² Густота на...

 

Пужі — термін, який має кілька значень. Ця сторінка значень містить посилання на статті про кожне з них.Якщо ви потрапили сюди за внутрішнім посиланням, будь ласка, поверніться та виправте його так, щоб воно вказувало безпосередньо на потрібну статтю.@ пошук посилань саме...

University from Spain Universidad Rey Juan Carlos redirects here. For the Madrid Metro station, see Universidad Rey Juan Carlos (Madrid Metro). Rey Juan Carlos UniversityUniversidad Rey Juan CarlosMottoNon nova, sed nove (Not new, but in a new way)TypePublicEstablished8 July 1996RectorJavier RamosAdministrative staff1,904Students45,458 (2017)[1]LocationMadrid, Community of Madrid, SpainCampusMóstoles, Alcorcón, Fuenlabrada, Vicálvaro and AranjuezColors  NicknameURJCAffili...

 

This article needs additional citations for verification. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: The Revengers novel – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (May 2019) (Learn how and when to remove this template message) The Revengers 1982 paperback editionAuthorDonald HamiltonCountryUnited StatesLanguageEnglishSeriesMatt HelmGenreSpy novelPubli...

 

Iwakuni 岩国市Kota BenderaLambangLokasi Iwakuni di Prefektur YamaguchiNegara JepangWilayahChūgokuPrefektur YamaguchiPemerintahan • Wali kotaYoshihiko FukudaLuas • Total874 km2 (337 sq mi)Populasi (Oktober 1, 2015) • Total136.757 • Kepadatan156,5/km2 (4,050/sq mi)Zona waktuUTC+09:00 (JST)Kode pos740-8585Nomor telepon0827-29-5000Alamat1-14-51 Imazumachi, Iwakuni-shi, Yamaguchi-kenSitus webSitus web resmi...

Artikel ini membutuhkan rujukan tambahan agar kualitasnya dapat dipastikan. Mohon bantu kami mengembangkan artikel ini dengan cara menambahkan rujukan ke sumber tepercaya. Pernyataan tak bersumber bisa saja dipertentangkan dan dihapus.Cari sumber: Stadion Benteng – berita · surat kabar · buku · cendekiawan · JSTOR (Januari 2017) Artikel ini bukan mengenai Arena Indomilk. Stadion BentengStadion Benteng RebornInformasi stadionNama lengkapStadion Benteng ...

 

Festival Chongyang Festival Sembilan KembarPermakaman Chai Wan, Hong Kong, 2015Nama resmiFestival Chongyang (重阳节)Festival Sembilan Kembar (重九節)Nama lainFestival Chung Yeung (重陽節)Chōyō (重陽)중양절Tết Trùng CửuFestival Krisantemum (菊の節句)Dirayakan olehTionghoa Han, Jepang, Korea, VietnamTanggalHari ke-9, bulan ke-9 kalender ImlekFrekuensitahunan Festival Chongyang Hanzi tradisional: 重陽節 Hanzi sederhana: 重阳节 Alih aksara Mandarin - Hanyu P...

 

Sede de la Orquesta en la Esplanada La Orquesta Sinfónica de Singapur (Orkestra Simfoni Singapura en malayo y Singapore Symphony Orchestra en inglés) es una orquesta sinfónica profesional compuesta por noventa y seis miembros.[1]​ Su sede está situada en la Esplanada - Teatros en la Bahía, Singapur. Aparte de conciertos nacionales, también han realizado giras internacionales por Asia, Europa y Estados Unidos.[2]​[3]​ Fue formada en 1979 por quien fuera viceprimer Minis...

ملعب لاوس الوطنيمعلومات عامةالمنطقة الإدارية فيينتيان البلد  لاوس[1] الاستعمالالرياضة كرة القدم المستضيف دوري لاوس لكرة القدم معلومات أخرىالطاقة الاستيعابية 15٬000 الموقع الجغرافيالإحداثيات 17°58′N 102°37′E / 17.97°N 102.61°E / 17.97; 102.61 — 17°58′08″N 102°36′29″E / ...

 

اتفاقية الأسلحة الكيميائية بين الولايات المتحدة والاتحاد السوفيتيالرئيس الأمريكي جورج بوش والرئيس السوفيتي غورباتشوف يوقعان على الاتفاقية.معلومات عامةالنوع معاهدة ثنائية الموضوع سلاح كيميائي — سباق تسلح التوقيع 1 يونيو 1990الموقعون الولايات المتحدة — الاتحاد السوفيتي ...

 

Russian footballer Aleksei Gubochkin Gubochkin with Tekstilshchik Ivanovo in 2021Personal informationFull name Aleksei Alekseyevich GubochkinDate of birth (1999-01-26) 26 January 1999 (age 24)Place of birth Moscow, RussiaHeight 1.91 m (6 ft 3 in)Position(s) DefenderTeam informationCurrent team FC TyumenNumber 95Youth career0000–2011 FC Torpedo Moscow2011–2013 FC Spartak Moscow2013–2014 TsSO Lokomotiv-2 Moscow2014–2017 FC Lokomotiv MoscowSenior career*Years Team App...

1973 novel by Maj Sjöwall and Per Wahlöö For the 1994 film adaptation of this novel, whose Swedish name is also Polismördaren, see The Police Murderer. This article needs additional citations for verification. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: Cop Killer novel – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (November 2012) (Learn how and when t...

 

此條目需要擴充。 (2015年1月21日)请協助改善这篇條目,更進一步的信息可能會在討論頁或扩充请求中找到。请在擴充條目後將此模板移除。 此條目需要补充更多来源。 (2015年1月21日)请协助補充多方面可靠来源以改善这篇条目,无法查证的内容可能會因為异议提出而被移除。致使用者:请搜索一下条目的标题(来源搜索:裏海艦隊中央委員會獨裁政權 — 网页、新闻、书...

 

Railway station in Wrocław, Poland Wrocław GłównyRailway StationThe renovated Tudor Revival station buildingGeneral informationLocationPiłsudskiego 10550-085 WrocławPrzedmieście Świdnickie/Huby, WrocławPolandCoordinates51°05′56″N 17°02′11″E / 51.0988°N 17.0365°E / 51.0988; 17.0365Owned byPKP S.A. (main building)PKP Polskie Linie Kolejowe S.A. (platforms and tunnels)Operated byPKP Polskie Linie KolejowePlatforms6Tracks11Train operatorsPKP IntercityP...

Japanese musician (1964–1998) This article is about the former guitarist of X Japan. For the guitarist of Buck-Tick, see Hidehiko Hoshino. For the vocalist of L'Arc~en~Ciel, see Hyde (musician). Hide松本 秀人Hide performing with X Japan in 1997Background informationBirth nameHideto MatsumotoBorn(1964-12-13)December 13, 1964Yokosuka, Kanagawa, JapanDiedMay 2, 1998(1998-05-02) (aged 33)Minami-Azabu, Minato, Tokyo, JapanGenresAlternative rockheavy metalindustrial rockOccupation(s) Mus...

 

Upazila in Khulna, BangladeshBagherpara বাঘারপাড়া [1]UpazilaCoordinates: 23°13′N 89°21′E / 23.217°N 89.350°E / 23.217; 89.350Country BangladeshDivisionKhulnaDistrictJessoreArea • Total308.29 km2 (119.03 sq mi)Population (2011) • Total216,897 • Density700/km2 (1,800/sq mi)Time zoneUTC+6 (BST)Postal code7470WebsiteOfficial Map of Bagherpara Bagherpara (Bengali: বা...

 

American politician from Connecticut Farley SantosMember of the Connecticut House of Representativesfrom the 109th districtIncumbentAssumed office 2022Preceded byDavid Arconti Personal detailsPolitical partyDemocratResidenceDanbury, Connecticut Farley Santos is a Democratic member of the Connecticut House of Representatives serving in the 109th district since 2022.[1] References ^ Farley Santos. Ballotpedia. Retrieved 2023-10-26. External links Official website vteMemb...

Pieter van VollenhovenLahir30 April 1939 (umur 84)Schiedam, BelandaTempat tinggalApeldoorn, BelandaKebangsaanBelandaAlmamaterUniversitas LeidenPekerjaanGuru Besar (Emeritus Professor)OrganisasiDewan Keselamatan Transportasi Belanda GelarMaster HukumSuami/istriPutri Margriet dari BelandaAnakPangeran Maurits Pangeran Bernhard Pangeran Pieter-Christiaan Pangeran FlorisOrang tuaPieter van Vollenhoven, Sr. Jacoba Gijsbertha Stuyling de Lange Pieter van Vollenhoven, Jr. (lahir 30 Maret 1939) a...

 

Egyptian academic This article is about the Egyptian academic. For the Lebanese footballer, see Majed Osman. Magued Osman4th Minister of Communications and Information TechnologyIn officeFebruary 2011 – July 2011Prime MinisterEssam SharafPreceded byTarek KamelSucceeded byMohamed Abd-el-Kader Salem Dr. Magued Osman (Arabic: ماجد عثمان) is the CEO and Director of the Egyptian Center for Public Opinion Research Baseera, which ran the only transparent public opinion surveys by...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!