Зебра

Зебри
Equus quagga boehmi
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Непарнокопитни
Семејство: Equidae
Род: Equus
Подрод: Hippotigris
Видови

Equus zebra
Equus hartmannae
Equus quagga
Equus grevyi

Зебрата е член на семејството на коњи кој се одликува со живописна телесна покривка со бели и црни линии. Зебрите се наоѓаат само во Африка, но нивните забележливи линии ги прават едни од најпознатите цицачи во светот. Постојат неколку видови на зебри, од кои секоја се одликува со различен начин на обојување: Гревиева зебра, планинска зебра и обична зебра (позната и како Берчелова зебра).

Зебрите се членови на семејството Equidae која исто така ги вклучува и коњите и магарињата. Најраниот познат предок на животните во ова семејство било мало животно наречено хиракотериум или еохипус кој живеел пред 60 милиони години за време на плеистоценот. Животните кои се сметаат за директни наследници на модерниот коњ, магаре и зебра се појавиле во Европа, Африка и Азија пред околу 4 милиони години за време на плиоценот.

Како и другите членови на семејството на коњи, и зебрите се пасечки животни. Тие ја добиваат својата енергија од трева, лисја и корења. Зебрите имаат многу грабливци, а најчести се лавот и хиените, но во последните 200 години и луѓето се голема закана за нивниот опстанок. Квагата, зебра со линии на главата и вратот, но често без линии по страните, живеела во Јужна Африка до 1870-тите, кога се ловела до изумирање. Денес, Гревиевата и планинската зебра се во опасност од истребување поради ловот и уништувањето на нивните живеалишта.

Живеалиште

Рамнински зебри (Equus quagga boehmi) на тревна површина.

Потребите за вода на секој вид на зебра варираат, а овој фактор помага во објаснувањето на разликите за тоа каде зебрите живеат.

Гревиевата зебра е најдобра во однос на издржувањето на суви услови. Живее на тревни површини на границите на северна Кенија, Сомалија и Етиопија, суров регион со високи температури. За време на сувата сезона кога реките, потоците и другите водни површини пресушуваат, Гревиевите зебри преживуваат со копање на дупки за вода во песокот каде течела реката.

Планинската зебра живее на повисоките места на Јужна Африка, како и на крајбрежните ридови на Намибија и Ангола. Како и Гревиевата, и оваа зебра е адаптирана на суша и копа дупки за да пронајде вода. Но, планинската зебра ја преживува сувата сезона најчесто со мигрирање на повисоките места, каде влагата се кондензира во поладниот воздух и формира дожд или снег.

Во споредба со Гревиевата и планинската зебра, рамнинската зебра живее на многу повеќе локации. Живее низ тревните површини, саваната, сувите предели на Источна Африка, достигнувајќи до Ангола на запад. За разлика од своите роднини, рамнинската зебра мора да има доволно вода на дофат, а во некои места таа мора да мигрира во чекор со сезоните за да најде места со доволно вода за пиење.

Физички опис

Гревиева зебра (Equus grevyi).
Хартманова планинска зебра.

Иако зебрите се слични по форма со коњите, тие се генерално помали, со исправени гриви и кратки опашки. Планинската зебра е најмалиот вид на зебра. Возрасните единки се високи околу 1,2 m во пределот на рамениците. Возрасните рамнински зебри се малку поголеми, со висина од околу 1,4 m. Гревиевата зебра е најголем вид; возрасните единки достигнуваат околу 1,5 m. Рамнинските и планинските зебри тежат од 290 до 340 кг, а Гревиевата тежи и до 450 кг, што е иста тежина како и онаа на типичниот коњ за јавање. Кај рамнинските и планинските зебри, машките единки се нешто поголеми од женските, но кај Гревиевата зебра и двата пола се еднакво тешки.

Како и коњите, и зебрите имаат добро развиено сетило за слух. Тие ги вртат нивните уши и очи кон изворот на звук за да ги детерминираат движењата кои може да индицираат опасност. Позицијата на нивните уши помага исто така за да се одреди нивното расположение, друга особина која ја делат овие животни со коњите. Сетилото за мирис не е добро развиено, но тие се многу чувствителни на дим.

Зебрите имаат длетовидни заби секачи на предниот дел од нивните вилици и големи катници кои ја раздробуваат храната. Дигестијата кај зебрата е неефикасна во разложувањето на храната и апсорпцијата на хранливи материи. За надоместок на ова, зебрите поминуваат над половина од нивното време во јадење.

Зебрата како тема во уметноста и во популарната култура

Зебрата се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:

Наводи

  1. Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 67.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!