Еузебио да Силва Фереира (португалски: Eusébio da Silva Ferreira; Лоренцо Маркеш, 25 јануари 1942 - 5 јануари 2014[2]) — португалски фудбалер од африканско потекло. Бил член на репрезентацијата на Португалија која го освоила третото место на Светското првенство во 1966 година. На тоа првенство бил прогласен за најдобар стрелец со 9 постигнати голови. Освојувач е на Златната тока во 1965 година. Четири пати бил најдобар стрелец во португалската лига.
Најголемиот дел од својата кариера го поминал во Бенфика (од 1960 до 1975 година) и за тоа време постигнал 315 голово на 301 натпревар што претставува клупски рекод. На 727 настапи во кариерата постигнал 715 погодоци. ИФФХС го прогласил за 9-ти најдобар играч на сите времиња,[3] додека Фудбалската федерација на Португалија во 2003 година го пограсила за најдобар фудбалер на таа земја во последните 50 години.[4] Познат е уште и по прекарот Црн пантер.
Кариерата ја започнал во Спортинг од Мапуто од каде што на 18 години се префрлил во Бенфика. Покрај овие два тима, Еузебио настапувал и за ФК Монтереј и Беира Мар, како и многу клубови од Северна Америка.
Наводи
Надворешни врски