Роден е во селото Фемше, Смоланд како син на тамошниот свештеник.[2] Посетувал училиште во Векше.
Благодарение на татко му се стекнал со огромно познавање на цветните растенија.[3] Во 1811 г. се запишал на Лундскиот универзитет[3] и во 1814 г. ги завршил докторските студии. Истата година станал доцент по ботаника. Бил избран за член на Кралска шведска академија на науките, а во 1824 г. станал професор. Во 1834 г. ја презел Боргстремовата катедра[3] (Borgströmianska professuren) по применета економија на Упсалскиот универзитет (од 1851 г. „професор по ботаника и применета економија“). Во 1849 г. Бил избран за странски почесен член на Американската академија на уметностите и науките.[4] Истата година бил назначен и за директор на of Ботаничката градина на Упсалскиот универзитет. Во 1853 г. станал ректор на универизтетот.[5]
Најважни негови дела се тритомниот „Миколошки систем“ (Systema mycologicum, 1821–1832), „Попис на габите“ (Elenchus fungorum, 1828), двотомната „Монографија за опнестите габи на Шведска“ (Monographia hymenomycetum Sueciae, 1857 и 1863) и „Опнести габи на Европа“ (Hymenomycetes Europaei, 1874).[6]
Epicrisis systematis mycologici: seu synopsis hymenomycetum (1838)
Стандардната авторска кратенка Fr. се користи за посочување на оваа личност како автор при наведувањето на ботанички назив.[10]
Семејство
Син му Теодор Магнус Фрис се истакнал како ботаничар, лихенолог и арктички истражувач. Внуците Теодор Кристијан Елијас Фрис и Роберт Елијас Фрис станале значајни ботаничари.
Наводи
↑Bevan, R.J. (1981). „Aspects of mycological history“. Bulletin of the British Mycological Society. 15: 20–25. doi:10.1016/S0007-1528(81)80003-X.
↑Gulden, Gro; Eckblad, Finn-Egil (2007). „Elias Magnus Fries“. Во Henriksen, Petter (уред.). Store norske leksikon. Oslo: Kunnskapsforlaget. Посетено на 27 март 2009.