Во пределите преовладува шумовита висорамнина, каде почвата е помешана со песок и камења и затоа е гола и непогодна за земјоделство. Единствен исклучок се крајбрежните делови како Калмарската Рамница. Во покраината изобилуваат езера и блата. Брегот го карактеризираат разни острови и заливи на север и обработена рамница на југ.
Најголеми градови се Јеншепинг (на северозапад), Векше (на југ) и Калмар на источното крајбрежје близу островот Еланд.
Историја
Подрачјето на Смоленд е населено во камено време и тоа пред 6000 п.н.е., кога доселениците Алби преминале ледениот мост преку Калмарскиот Проток.
Името Смоланд („мали краишта“) се должи на фактот што подрачјето во минатото постоеле неколку независни краишта: Кинда (денес дел од Естерјетланд), Твета, Виста, Ведбо, Шуст, Севеде, Аспеланд, Хандберд, Мере, Веренд, Финведен и Њудунг. Во викиншката ера и раниот среден век секој од нив имал свои закони и можел да се прогласи за неутрален во војните на Шведска, барем кога немало присуство на кралска војска во собраниската расправа. Околу 1350, за време на кралот Магнус Ериксон е донесен државен закон со кој покраините изгубиле голем дел од нивната независност.
Калмар е еден од најстарите градови во Шведска. Во средниот век бил најјужниот град во земјата и трет по големина Во тој период бил центар на железарството.
Во местото Елмхулт е роден прочуениот ботаничар Карл фон Лине (1707–1778), наречен „татко на таксономијата“. По себеси го нарекол цвеќето Линеја (Linnaea borealis), кое потоа станало симбол на покраината.
Во истото место е роден и претприемачот Ингвар Кампрад, основач на IKEA.