Економска мобилност

Економската подвижност е способноста на едно лице или семејство да го подобри својот економски статус, кој е во тесна врска со приходот и општествениот статус, во рамките на неговиот или нејзиниот живот или во рамките на повеќе генерации. Честопати економската подвижност се мери со движењето меѓу квинталите на приходот или со споредби меѓу приходот на поединецот и приходот на семејството. Способноста да се зголеми приходот е тесно поврзана со “американскиот сон” и способноста да се зголеми економската положба преку напорна работа и труд[1].

Економска подвижност во САД

Постојат два типа на економска подвижност: апсолутна и релативна.[1] Нагорната апсолутна подвижност вклучува економски раст и како резултат на тоа сите извлекуваат корист.[1]. Релативната подвижност е каракатеристична за поединци и не се појавува во тесна врска со економијата како целина.[1]. И апсолутната и релативната подвижност во последниве десет години се движеа по нагорна линија и за оние кои имаа приходи под просечниот приход. 80% од даночните обврзници имаа приходи во квинталите во ист или поголем износ како во 2005 г. за разлика од износот во 1996 г., а 45% од даночните обврзници кои не спаѓаат во квинталот на највисоки приходи ги зголемија своите приходи се поместија најмалку за еден квинтал [2]. Меѓу 1979 г. и 2004 г. во САД имаше голема разлика во однос на зголемувањето на приходите. Реалниот приход со одбиен данок за првиот 1% заработувачи се зголеми на 176% за време на тој период споредено со зголемувањето од 69% за првите 20% и зголемување од 9% за најдолните 20% .[1]. Меѓутоа, зголемувањето на нееднаквоста во однос на приходите не вклучува намалување на подвижноста. Средната вредност на семејниот приход се зголеми за 29% и просечната вредност на семејниот приход се зголеми за 43% споредено со приходот на претходната генерација од 1968 год[3]. Најголем дел од зголемувањето на тоталниот износ на семејниот приход е заслуга на зголемениот број на жени кои работат откако заработувачката на мажите остана релативно стабилна во овој период [3].Две третини од овие луѓе кои беа деца во 1968 г. пријавија поголем приход од своите родители, но само една половина од нив ја надмина економската положба на своите родители, поместувајќи се во нагорна линија за еден или два квинтали.[3]. Иако една третина од нацијата се поместува за неколку квинтали, друга третина во однос на подвижноста оди во надолна линија со тоа што бележи намалување на приходот и економската положба во споредба со своите родители.[3]. Иако постои некоја економска подвижност меѓу генерациите во САД, сè уште е тешко некој да се помести за неколку квинтали. 42% од децата кои се родени на најдолниот квинтал најверојатно таму и ќе останат, а другите 42% ќе се префрлат на вториот и средниот квинтал [3]. На спротивниот крај на спектарот, 39% ( генерација 1968 г.)од оние кои се родени во последниот квинтал најверојатно таму и ќе останат, а другите 23% ќе завршат во четвртиот квинтал.[3]. Децата кои потекнуваат од фамилии со ниски приходи претходно имале шанса од 1% да достигнат приход кои се рангира во првите 5% [4]. Од друга страна, децата кои потекнуваат од богати фамилии имаат шанса од 22% да достигнат приход кој се рангира во првите 5 %[4].

Економската подвижност низ светот

Според соодност меѓу тековниот приход на поединeцот и тековниот приход на родителите на поединецот не постои академска општа согласност дека во САД има помала или поголема релативна подвижност од другите индустријализирани нации.[1][5][6]. Според една студија, приходот на родителите на поединецот може многу повеќе да се предвиди во САД отколку во другите земји [4]. Франција, Германија, Шведска, Канада , Норвешка и Данска имаат поголема релативна подвижност од САД, а додека Обединетото Кралство има помала подвижност од САД [1]. Според студијата на Мајлс Корак, коефициентот на релативната подвижност на САД спрема релативната подвижност на другите земји е 1, а останатите споменати земји имаат коефициент кој варира од 1.25(Франција) до 3 ( Данска) [1]. Како и да е, барем со една неодамнешна студија се дојде до заклучок дека релативната подвижност на другите земји е речиси иста како релативната подвижност во САД [5].

Економската подвижност на мажите во споредба со жените

Денеска, жените во 30-тите години од својот живот имаат повисоки приходи за разлика од жените кои се генерација на нивните родители [7]. Меѓу 1974 г. и 2004 г. просечниот приход на жените се зголемил речиси четири пати повеќе во 30-тите години од нивниот живот [7]. Ова е апсолутен контраст во однос на зголемувањето на приходот на нивните сопружници. Просечниот приход на мажите во 30-тите години од нивниот живот се зголемил од 31.000 американски долари во 1964 г. на 35.000 американски долари во 2004 г. што значи дека нивниот приход се зголемил на само 4.000 долари [7]. Меѓутоа, многу од ова може да биде резултат на стапката на вработеност. Стапката на вработеност на жените во 30-тите години од нивниот живот се зголемила од 39% во 1964 г. на 70% во 2004 г., а стапката на вработеност за мажи на истата возраст се намалила од 91% во 1864 г. на 86% во 2004 г.[7]. Покрај непроменливиот висок износ на платите кај мажите,наглото зголемување на приходот на вработените жени е причината поради која зголемувањето на економската подвижност се препишува на жените.

Економска подвижност кај црнците и белците

Просечниот приход на семејствата и од белата раса и од црната раса се зголеми уште од 1970-тите години [8]. Меѓутоа, просечниот приход на семејствата од белата раса во 30-тите години од нивниот живот се зголемил од 50.000 долари на 60.000 долари, а приходот на семејствата од црната раса на истата возраст и во истиот период се зголемил од 32.000 долари на 35.000 долари [8]. Значи, не само зголемувањето на просечниот приход туку и зголемувањето на приходот кај семејствата од црната раса( зголемување од 10%) е многу помало за разлика од семејствата од белата раса( зголемување од 19%)[8]. Ова би можело да се објасни со тоа дека 25% од црнците не се со брачен статус, иако стапката на стапување во брак се намали и кај двете раси [8]. Меѓутоа, црнците имаат помала економска подвижност и е помалку веројатно дека ќе го надминат приходот на своите родители како и економската положба на белците [8]. Две од три деца од белата раса, родени во семејства во средниот квинтал, достигнаа повисок семеен приход за разлика од своите родители [8]. Спротивно на ова, едно од три деца од црната раса, родени во семејства во средниот квинтал достигнале повисок семеен приход од своите родители [8]. Во просек, децата од црната раса чии родители се родени во најдолниот квантил или на вториот квинтал го надминуваат приходот на своите родители, но децата од црната раса чии родители биле во средниот или четвртиот квинтал имаат помал приход од своите родители [8]. Ова е многу голема разлика во споредба со белците кои искусиле меѓугенерациско зголемување на приходот во секој квинтал со исклучок на највисокиот квинтал [8]. Ова укажува на тоа дека и покрај пониските плати и нивното благо зголемување, на црнците, за разлика од белците, им е многу потешко да ја зголемат економската подвижност.

Образованието и економската подвижност

Постои големо верување дека стекнатото образование и зголемената економска подвижност се тесно поврзани. Образовниот систем во САД отсекогаш се сметал за систем кој е најефикасен и нуди рамноправен процес за подобрување на економската положба на сите лица [9] Покрај зголемената можност која им се нуди на сите, семејната позадина и понатаму игра битна улога при определувањето на економскиот успех. Образованието е исто така пречка за многу лица, бидејќи ако тие не посетуваат образовна установа или не можат да посетуваат образовна установа, тогаш шансите да останат на дното на економската скала или скалата на приходи се многу големи. Студиите покажале дека образованието и семејната позадина имаат големо влијание врз економската подвижност во поглед на многу генерации. Семејната позадина и општествено-економскиот статус влијае врз можноста дали учениците ќе завршат средно училиште или колеџ, каков вид на колеџ или образовна институција ќе посетуваат и колку е голема веројатноста да дипломираат и да завршат некој степен на образование. Според студиите, кога во однос на приходот имаме пет квинтали, повозрасните деца кои се без диплома и кои имаат родители кои се на последниот квинтал остануваат на последниот квинтал. Но, ако децата се стекнале со диплома, постоело шанса од само 16% дека ќе останат на дното на квинталот. Како резултат на тоа, се докажа дека образованието овозможило зголемување на економскиот статус и подвижност на посиромашните семејства.[10] Универзитетската диплома не само што им овозможува на лицата да дојдат до врвните два квинтали, туку им овозможува на лицата кои се родени во врвните квинтали да останат на позицијата на врвните квинтали. Како резултат на тоа, напорната работа и образованието на оние кои се родени во подолните квинтали можат да им го зголемат економскиот статус и можат да им помогнат да напредуваат, но се разбира децата кои се родени во побогати семејства сепак ја имаат предноста [10].Дури и ако се игнорира можноста да се заврши некој колеџ, студиите покажале дека кај сите студенти кои се запишале во колеџ, општествено-економскиот статус или семејната позадина сè уште имаат влијание врз стапката на дипломирање и тоа со 53% врз оние кои се наоѓаат на врвниот квинтал, со 39% врз оние оние кои се наоѓаат во средниот квинтал и со 22% врз оние кои се наоѓаат на последниот квинтал. .[9] . Според пописот на САД во 2002 г. студентите можат да очекуваат да заработат со универзитетска диплома околу 2.1 милион американски долари во текот на својата кариера. Тоа е заработка што е речиси еден милион повеќе од онаа што би можело да се очекува да ја заработат лицата кои се без универзитетска диплома [11]. Земајќи го предвид фактот дека стапките на инфлација не се во чекор со зголемувањето на стапките на школарина, посиромашните семејства не можат многу да си дозволат да ги праќаат своите деца на колеџ. Земајќи го предвид зголемениот натпревар за влез во јавните училишта, учениците кои се од пониските економски квинтали не се во голема предност[9] .Стапките на школарина во текот на последните десет години се зголемија на 47% за државните универзитети и за 42% на приватните универзитети[11].Учениците од квинталите со пониски приходи, кои мораат да земаат повеќе заеми и мораат повеќе да работат наместо да учат, сметаат дека колеџот не е "тест за нивната интелегенција, туку тест за нивната изджливост" [11] . Со помош на образованието, поединците со понизок економски статус може да го зголемат потенцијалот за профит и како резултат на тоа може да заработат многу повеќе отколку своите родители и дури може да ги надминат и тие кои се во најгорните квинтали. Целокупно земено, со секој дополнителен степен на образование без разлика дали станува збор за средно училиште, колеџ, факултет или какво било друго професионално усовршување, секој поединец може да го зголеми својот приход.[10] Од друга страна, има други извештаи според кои не се смета дека лицата кои напорно работат или стекнуваат некое образование успеваат во животот, бидејќи се смета дека Америка всушност станува посиромашна и многу голема е веројатноста да остане посиромашна во споредба со некоја западноевропска земја. Сликата за “американскиот сон” почнува да избледува, бидејќи приходот на средната класа не се промени уште од 1973 г. Студиите покажуваат дека во споредба со САД економската подвижност е 3 пати посилна во Данска, 2.5 пати повисока во Канада и 1.5 пати повисока во Германија.[12]

Имиграција и економска подвижност

Според Бирото за попис на население во САД, бројот на легалните имигранти постојано расте уште од 1960-тите години. Бројот за една година се зголеми од околу 320.000 на околу еден милион. Исто така околу 500.000 илегални имигранти остануваат во САД секоја година. Луѓето имигрираат во САД со надеж за поголеми економски можности,а првата генерација на имигранти прилично многу го зголеми својот приход благодарение на американската економија. Но, како резултат на тоа што повеќето имигранти немаат образование, износот на нивните плати почна да се намалува релативно како и кај оние кои не се имигранти. Според студиите, економската подвижност многу се зголеми од првата до втората генерација поради образованието. Втората генерација имигранти го надминаа нивото на приходи на првата генерација на имигранти и на оние кои не се имигранти.[13]

Преку истражувањето за меѓугенерациска подвижност, може да биде пресметана подвижноста на имигрантите и нивните деца. Заклучок за економската подвижност може да се донесе според релативните плати на мажите од кои било нации од 1970 г. па сè до втората генерација работници во 2000 г. Во 1970 г. имигрантите кои дојдоа од индустријализирана земја имаа повисоки просечни плати од лицата кои не се имигранти. Во 2000 г. втората генерација работници имаа пад во однос на релативната подвижност, бидејќи просечните плати беа многу блиску до просечните плати на работниците кои не се имигранти. Во 1970 г. просечните плати на имигрантите кои доаѓаа од неиндустријализирани земји беа помали од оние на работниците кои не се имигранти. Во 2000 г., втората генерација на работници од неиндустријализирани земји постигнаа зголемување на релативната подвижност бидејќи износот на нивните просечни плати беа поблиску и поблиску до износот на платите на оние кои не се имигранти [13]. Со помош на меѓугенерациската врска меѓу релативните плати на првата и втората генерација работници од истата земја може да се донесе заклучок за тоа дали првата генерација имигранти влијаела врз платите на втората генерација имигранти. Оваа пресметка исто така се однесуваше и за првата и втората генерација семејства родени во Америка. Студијата покажа дека и имигрантите и лицата кои се родени во Америка го достигнале речиси истото ниво на економска предност или неповолност како своите предци. Овие заклучоци предвидуваат намалување на платите од првата до втората генерација доколку се зема предвид нивото на образование за секој имигрант. На идните втори генерации имигранти ќе им биде многу потешко да ги надминат просечните плати на лицата кои не се имигранти, бидејќи голем дел од имигрантите се со низок степен на образование.[13].

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 Economic Mobility: Is the American Dream Alive and Well? Isabel Sawhill & John E. Morton. 21 Feb. 2007. Economic Mobility Project, Washington, D.C.. 4 Dec. 2007 <http://www.economicmobility.org/assets/pdfs/EMP%20American%20Dream%20Report.pdf>.
  2. Income Mobility in the U.S. from 1996 to 2005. Department of the Treasury. 13 Nov. 2007.<http://www.treasury.gov/press/releases/reports/incomemobilitystudyfinal.pdf Архивирано на 14 ноември 2007 г.>.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Economic Mobility of Families Across Generations. Julia B. Isaacs. 13 Nov. 2007. Economic Mobility Project, Washington, D.C.. <http://www.economicmobility.org/assets/pdfs/EMP_Across_Generations.pdf>.
  4. 4,0 4,1 4,2 Understanding Mobility in America. Tom Hertz. 26 Apr. 2006. Center for American Progress, Washington, D.C.. <https://web.archive.org/web/20090228170405/http://www.americanprogress.org/issues/2006/04/Hertz_MobilityAnalysis.pdf>.
  5. 5,0 5,1 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-05-27. Посетено на 2009-05-15.
  6. „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-05-30. Посетено на 2009-05-30.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 Economic Mobility of Men and Women. Julia B. Isaacs. 13 Nov. 2007. Economic Mobility Project, Washington, D.C.. <http://www.economicmobility.org/assets/pdfs/EMP_Men_Women.pdf>.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 8,5 8,6 8,7 8,8 Economic Mobility of Black and White Families. Julia B. Isaacs. 13 Nov. 2007. Economic Mobility Project, Washington, D.C.. <http://www.economicmobility.org/assets/pdfs/EMP_Black_White_Families.pdf>.
  9. 9,0 9,1 9,2 McMurrer, D. Sawhill, I. Getting Ahead: Economic and Social Mobility in America. The Urban Institute Press. Washington, D.C. 1998.>.
  10. 10,0 10,1 10,2 Education and Economic Mobility, Ron Haskins. Economic Mobility Project, Washington D.C. http://www.economicmobility.org/assets/pdfs/EMP_Education_ChapterVIII.pdf.>.
  11. 11,0 11,1 11,2 Waldron, K. Access to College Means Access to Economic Mobility for America's Underserved. Diverse Issues in Higher Education V. 24. No. 2. 8 март 2007. p. 33.>.
  12. Stephen, Andrew. Born Unequal? New Statesman. Vol.137, Issue 4855. August 2008.<http://search.ebscohost.com/login.aspx?direct=true&db=aph&AN=26150864&site=ehost-live>.
  13. 13,0 13,1 13,2 Immigration: Wages, Education, and Mobility. Ron Haskins. Economic Mobility Project, Washington, D.C>.<http://www.economicmobility.org/assets/pdfs/EMP_Immigrants_ChapterVII.pdf>.

Надворешни врски

Read other articles:

British actor This article is about the British actor. For the Canadian politician, see Rupert Davies (politician). Rupert DaviesPortrait by Allan Warren of Davies from 1973 (1916-05-22)22 May 1916BornRupert Lisburn Gwynne DaviesLiverpool, Lancashire, EnglandDied22 November 1976(1976-11-22) (aged 60)London, EnglandResting placePistyll Cemetery, Gwynedd, WalesOccupationActorYears active1940s–1975TelevisionMaigretSpouseJessica Isobel Knowles (m. 1946)Children2AwardsBritish Acade...

 

Andrej Kramarić Datos personalesNacimiento Zagreb, Croacia19 de junio de 1991 (32 años)Nacionalidad(es) CroataAltura 1,78 m (5′ 10″)Carrera deportivaDeporte FútbolClub profesionalDebut deportivo 2009(G. N. K. Dinamo Zagreb)Club TSG 1899 HoffenheimLiga BundesligaPosición DelanteroGoles en clubes 198Selección nacionalSelección CRO CroaciaDebut 4 de septiembre de 2014Dorsal(es) 9Part. (goles) 89 (27)            ...

 

Decree by the head of an Eastern Orthodox church For former Slovenian moped manufacturer, see Tomos. You can help expand this article with text translated from the corresponding article in Ukrainian. (January 2019) Click [show] for important translation instructions. View a machine-translated version of the Ukrainian article. Machine translation, like DeepL or Google Translate, is a useful starting point for translations, but translators must revise errors as necessary and confirm that t...

Петро Вільговськийангл. Peter Wilhousky Народився 6 липня 1902(1902-07-06)[1][2]ПассейкПомер 4 січня 1978(1978-01-04)[1][2] (75 років)Норволк·ракПоховання Православний цвинтар Святих Петра і Павла, Гіллсборо, Нью-ДжерсіКраїна  СШАНаціональність українецьДіяльність диригент, к

 

هذه المقالة يتيمة إذ تصل إليها مقالات أخرى قليلة جدًا. فضلًا، ساعد بإضافة وصلة إليها في مقالات متعلقة بها. (نوفمبر 2019) غوردون هينز معلومات شخصية الميلاد 1 يونيو 1921  كيستير  الوفاة 3 أكتوبر 2012 (91 سنة)   ياكيما  مواطنة الولايات المتحدة  الحياة العملية المهنة سائق سبا...

 

مسجد سرمبان إحداثيات 2°43′51″N 101°56′18″E / 2.7308055555556°N 101.93830555556°E / 2.7308055555556; 101.93830555556  معلومات عامة القرية أو المدينة نكري سمبيلن الدولة  ماليزيا تاريخ بدء البناء 1924 معلومات أخرى تعديل مصدري - تعديل   مسجد سرمبان هو مسجد قديم في بلدة سرمبان التابعة لاقليم نكر...

2019 studio album by Ringo StarrWhat's My NameStudio album by Ringo StarrReleased25 October 2019 (2019-10-25)Recorded2019StudioRoccabella West, Los AngelesGenreRockLength34:00LabelUMeProducerRingo StarrRingo Starr chronology Give More Love(2017) What's My Name(2019) Zoom In(2021) Singles from What's My Name What's My NameReleased: 23 September 2019 What's My Name is the 20th studio album by English singer-songwriter Ringo Starr. It was released on 25 October 2019 throug...

 

Gunpowder & LeadSingel oleh Miranda Lambertdari album Crazy Ex-GirlfriendDirilisJanuary 14, 2008FormatCD SingleGenreCountryDurasi3:11LabelColumbia NashvillePenciptaMiranda LambertHeather LittleProduserFrank LiddellMike WruckeVideo musikGunpowder & Lead at CMT.com Gunpowder & Lead adalah lagu yang ditulis dan direkam oleh penyanyi penulis lagu Country Amerika Serikat Miranda Lambert yang terdapat di album keduanya, Crazy Ex-Girlfriend dan merupakan single ketiga yang dirilis dari a...

 

Voleibol de praia nosJogos Olímpicos de Verão de 2000 Sydney, Austrália Dados Dias de competição 13 Dias de finais 2 Eventos 2 Medalhistas Ouro USA Estados Unidos (masculino)AUS Austrália (feminino) Prata BRA Brasil (masculino)BRA Brasil (feminino) Bronze GER Alemanha (masculino)BRA Brasil (feminino) ◄◄ 1996 2004 ►► As competições de voleibol de praia nos Jogos Olímpicos de Verão de 2000 ocorreu entre 16 e 26 de setembro. O local de disputa foi um centro construído em uma p...

Libyan football club Football clubAl Ta'awonFull nameAl Ta'awon Sports ClubFounded1960GroundMartyrs of Benina StadiumCapacity10,550ManagerRachid Ghaflaoui[1]LeagueLibyan Premier League2017-183rd (Group 1) Al Ta'awon (Arabic: التعاون) is a Libyan football club based in Ajdabya which plays in the Libyan Premier League. See also Category:Al Ta'awon SC players References ^ Rachid Ghaflaoui débarque à Al Taawon SC vte Libyan Premier League 2021−22Group A Al-Ahly Benghazi Al-Akhd...

 

French exploration ship launched in 1811 For other ships with the same name, see French ship Astrolabe and French ship Coquille. L'Astrolabe redirects here. For other uses, see astrolabe (disambiguation). History France NamesakeFrench ship Astrolabe BuilderToulon shipyard Launched1811 ChristenedCoquille, 9 July 1814 RenamedAstrolabe in 1826 FateScrapped in 1851 General characteristics Class and typeFluyt Displacement380 tonnes Length31.57 m (103.6 ft) Beam18.48 m (60.6 ft)...

 

Not to be confused with Cypros, the Nabatean mother of Herod the Great. You can help expand this article with text translated from the corresponding article in Swedish. (February 2022) Click [show] for important translation instructions. Machine translation, like DeepL or Google Translate, is a useful starting point for translations, but translators must revise errors as necessary and confirm that the translation is accurate, rather than simply copy-pasting machine-translated text into t...

Championnat de France2e série Généralités Sport Rugby à XV Création 1905 Disparition 2022 Organisateur(s) Fédération française de rugby Périodicité annuelle Nations France Statut des participants amateur Hiérarchie Hiérarchie 10e (de 2020 à 2022) Niveau supérieur 1re série Niveau inférieur 3e série Palmarès Tenant du titre JS Caraman modifier Le championnat de France de rugby à XV de 2e série est le quatrième échelon des championnats régionaux français de ru...

 

This article is about the district in Kerala. For other uses, see Alappuzha (disambiguation). District in Kerala, IndiaAlappuzha district Alleppey districtDistrict Clockwise from top:Kettuvallam, Thottappally, Alappuzha Beach, Infopark Campus, Cherthala, Alappuzha Bypass, and Krishnapuram Palace at Kayamkulam.Nickname: Venice of the Eastern world[1]King of BackwaterLocation in KeralaAlappuzha districtCoordinates: 9°29′N 76°29′E / 9.49°N 76.49°E / 9...

 

This article is about Aberdeen, New South Wales. For other uses of Aberdeen, see Aberdeen (disambiguation). Town in New South Wales, AustraliaAberdeenNew South WalesNew England Highway, AberdeenAberdeenCoordinates32°10′06″S 150°53′36″E / 32.16833°S 150.89333°E / -32.16833; 150.89333Population1,894 (2016 census)[1]Postcode(s)2336Location 242 km (150 mi) N of Sydney 139 km (86 mi) NW of Newcastle 12 km (7 mi) N of Mu...

In this Spanish name, the first or paternal surname is Salvat and the second or maternal family name is Romero. SaintMaría de la Purísima Salvat RomeroHCCVirginBorn20 February 1926Madrid, Kingdom of SpainDied31 October 1998 (aged 72)Seville, SpainVenerated inRoman Catholic ChurchBeatified18 September 2010, Seville, Spain by Archbishop Angelo AmatoCanonized18 October 2015, Saint Peter's Square, Vatican City by Pope FrancisFeast18 September[1] María de la Purísima Salva...

 

Monumento al Cid Campeador Escultura ecuestre de bronce sobre basamento de piedra, frente a un enlosado con fuente en una medianera ajardinada.LocalizaciónPaís  EspañaLocalidad Avenida del Cid de Sevilla. Andalucía. España.Coordenadas 37°22′47″N 5°59′21″O / 37.37970278, -5.98910833HistoriaConstrucción Estatua construida en 1927. Su basamento fue finalizado en 1929Inauguración 1929Autor Anna Hyatt Huntington[editar datos en Wikidata] El monumento...

 

1996 studio album by Youth BrigadeTo Sell the TruthStudio album by Youth BrigadeReleased1996GenreMelodic hardcore[1]LabelBYO RecordsProducerSteve KravacYouth Brigade chronology Sink with Kalifornija(1994) To Sell the Truth(1996) Out of Print(1998) Professional ratingsReview scoresSourceRatingAllmusic link To Sell the Truth is the latest studio album by the Los Angeles–based hardcore punk band Youth Brigade, released in 1996. This was the band's only album so far recorded as ...

2008 video game 2008 video gameSonic UnleashedDeveloper(s)Sonic Team[a]Publisher(s)SegaGameloft (mobile)Director(s)Yoshihisa HashimotoProducer(s)Akinori NishiyamaDesigner(s)Takao HirabayashiMasayuki InoueYoshinobu UbaHideo OtsukaProgrammer(s)Makoto SuzukiTakaaki SaitoArtist(s)Sachiko KawamuraYuji UekawaGurihiruWriter(s)Kiyoko YoshimuraComposer(s)Tomoya OhtaniFumie KumataniKenichi TokoiHideaki KobayashiTakahito EguchiMariko NanbaSeriesSonic the HedgehogPlatform(s)PlayStation 2WiiXbox 3...

 

Cinema in Westblaak , RotterdamCineramaCinerama from outsideAlternative namesKineopolis CineramaGeneral informationStatuscinemaTypeCinemaAddressWestblaak 18, RotterdamCoordinates51°55′01″N 4°28′44″E / 51.917044°N 4.478859°E / 51.917044; 4.478859Opened1960OwnerKineopolisOther informationSeating capacityScreen 1: 291Websitecineramabios.nl Cinerama is a cinema in central Rotterdam, the Netherlands. It started in 1960 and was rebuilt in the 1980s.[1] It...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!