Едеран (германски: Oederan) — град во округот Средна Саксонија, во сојузната покраина Саксонија, Германија.
Едеран се наоѓа 14 километри југозападно од Фрајберг, 17 километри источно од Кемниц и околу 50 километри западно од Дрезден.
Градот ги вклучува и селата Бернихен, Брајтенау, Франкенштајн, Галенц, Герберсдорф, Кирхбах, Лесництал и Шенерштат.
Едеран првпат бил споменат како град во 1286 година. Населбата на оваа област потекнува од лужичкото племе во IX и X век. Франкониските фармери, занаетчии и трговци се населиле овде во XII век. Од средниот век, најважни индустрии биле текстилната и ткаењето. Во XIX век, изградбата на железничката линија придонела за развој на градот. Биле изградени неколку фабрики со средна големина околу железничката станица во Едеран.[2]
Во текот на Втората светска војна, овде се наоѓал подкамп на концентрациониот логор Флосенбирг.[3]
Едеран е познат по неговата туристичка атракција „Klein-Erzgebirge“, најстариот минијатурен парк во Германија. Во паркот се прикажани околу 185 минијатурни реплики на познати згради од областа на Рудните Планини во размер од 1:25[4].
Најважната стара градба е готската црква. Историјата на црква потекнува од 13 век.[2] Оргули изградени од познатиот Готфрид Зилберман се наоѓаат внатре.
Втората важна градба во градот е Градското собрание. Прво изградена околу 1400 година, но подоцна била запалена неколкупати (1632, 1709 и 1753) и повторна била изградена во нејзиниот денешен облик во 1785 година.