Евклид (325-269 година п.н.е.) — бил еден од најистакнатите старогрчки математичари.
Веројатно, Евклид се образувал на Платоновата Академија и сигурно подучувал во Александриската библиотека во периодот на владеењето на Птоломеј I. Познато е дека неговата голема љубов се викала Хипарета.[1]
Иако се знае мошне малку за неговиот живот, неговите трудови се преведени и широко познати, особено неговата главна расправа „Елементи“. Покрај тоа што со своите аксиоми ги втемелил основните начела на геометријата, Евклид пишувал и за теоријата на боревите, како и за оптиката, механиката и музиката.