Западниот крај на ЕО20 се наоѓа во центарот на Јанина, каде се поврзува со државните патишта ЕО5, ЕО6 и ЕО17. Оди на северозапад кон Калпаки (клучка со ЕО22), каде свртува на североисток кон Коница. Одовде до Цотил минува низ планинскиот венец Пинд. Делницата од Лапчишта до Сачишта се совпаѓа со ЕО15. Од Сачишта ЕО20 продолжува на исток сè до неговиот источен завршеток во градот Кожани.
Населени места
Ова се населените места со свои излези на патот, наведени по возен редослед од запад кон исток:
Денешните изменети (погрчени) имиња стојат во загради.[1]
↑Напомена: Местата се наведени според нивните традиционални историски имиња во македонскиот јазик, а до нив во загради се дадени и денешните изменети (погрчени) имиња од практични причини, бидејќи како такви стојат на патните ознаки и карти. Исклучок од ова се поретките места кои не се разликуваат по име, новосоздадени доселенички населби, или пак управните единици кои не се наречени по постоечко традиционално населено место. Изворните имиња да ги пребарувате тука.