Проф. д-р. Димко Димески е професор[1] и продекан[2] на Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Роден во 1952 година во Прилеп. Основно и гимназиско образование завршил во Прилеп. Во 1978 година дипломира на Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје при што се стекнал со звањето дипломиран инженер технолог. По дипломирањето се вработува во фабриката за наменско производство „Еурокомпозит“ во Прилеп каде работи како истражувач во секторот за истражување и развој работи на развој на пластични материјали и средства зајакнати со влакна наменети за воена и електро индустрија. Во 1982 година магистрира на Универзитетот во Белград на тема од композитни материјали со што се стекнува со звањето магистер по технички науки. Во „Еурокомпозит“ е основач на Истражувачко-развојна единица која е верифицирана од Министерството за образование и наука. Докторира на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ во 2004 година на тема балистички материјали за персонална заштита, со што се стекнал со звањето доктор по технички науки.
Како директор на Секторот за истражување и развој во „Еурокомпозит“ работи на развој на лесни ракетни фрлачи од армирана пластика; аблативни материјали за ракетни мотори; развој и замена на метален шлем со пластичен за ЈНА; развој и воведување во производство на балистички елеци; развој и производство на балистичка заштита на купола на тенк Т-72; развој на технологија на намотување мошне силни армирани пластични цевки, итн.
Заради придонес во развој на фирмата и градот во 1986 година го добива највисокото општинско признание на Прилеп „Деветти септември“.
Четири години работи како генерален директор во сестринската фирма фирма за печатени плочи „Еуротек“ во Крушево.
Автор и соавтор е на ~ 60 научни и стручни трудови од областа на композитните материјали зајакнати со влакна[3].
Од 2008 година работи како професор на Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“[4].
Наводи
Надворешни врски