Дани Ингс (роден на 15 декември 1992) — англиски фудбалер, напаѓач на Саутхемптон.
Ингс е динамичен, брз и технички добро поткован напаѓач, кој во текот на својата кариера исто така се има докажано како одличен реализатор.[4]
Ингс е роден во Винчестер, Хемпшир а израснал во Нетли, исто така во Хемпшир.[5] Како дете Ингс сонувал да заигра за локалниот клуб Саутхемптон, но бил одбиен затоа што бил премал.[6] Тој потпишал за Саутхемптон од Нетли Сентрал Спортс, пред да биде ослободен како училишно момче.[7] По отпуштањето од Саутемптон, Ингс играл за Ичен Тајро.[8]
Во мај 2008 година, Ингс потпишал двегодишен приправнички договор со екипата на Борнмут, додека сè уште бил средношколец.[9] Тој исто така претходно веќе имал искуство во клубот играјќи за резерверстите на Борнмут.[9] Своето деби како професионалец за сениорскиот тим на Борнмут го имал на 6 октомври 2009 година, во поразот со 2-1 на гости од Нортхемптон Таун во Фудбал лига Трофи, заменувајќи го Џејсон Тиндал од клупата во второто полувреме.[10] Неговата втора сезона во младинската екипа бил уништена од долгорочната повреда на стомакот, што му го ограничила времето на играње.[11] Тој останал во младинскиот тим до летото 2010 година, кога најпрво потпишал краткорочен тримесечен договор,[12] за веќе во септември 2010 да потпише договор до крајот на сезоната 2010-2011.[7]
Во септември 2010 година, тој бил испратен на едномесечен заем во Дорчестер Таун, клуб од Конференција Југ шестото ниво на англискиот фудбал.[13] Неговото деби за страчките дошло на 11 септември 2010 година, во кое тој го постигнал изедначувачкиот гол за својот тим во поразот на домашен терен од Ебсфлит Јунајтед со 1-2.[14] Неговиот втор гол за Дорчестер дошол на 24 септември, реализирајќи пенал во победата од 4-1 над Манготсфилд Јунајтед во ФА Купот.[15] На 6 октомври, неговиот заем бил продолжен за уште еден месец.[16] Следниот гол на Ингс за Дорчестер бил во поразот со 4-1 од Хавант енд Вотерлувил, со кој страчките биле елиминирани од ФА Купот.[17] На 16 октомври, тој го постигнал вториот гол во победата со 2-0 во лигата над Луис, откако влегол како доцна замена на местото на Џузепе Соле.[18] Тој го постигнал својот петти погодок во победата со 2-1 над Стеинс Таун.[19] Неговиот прв гол во ноември стигнал во поразот со 1-2 на домашен пораз од Мајденхед Јунајтед, со кој завршила серијата на Дорчестер од шест натпревари без пораз.[20] На 12 ноември 2010 година, неговиот заем бил продолжен по третпат за уште еден месец дополнително.[21] Тој го постигнал вториот гол во победата од 3-1 над Вестон-супер-Мер во ФА Трофи за да им помогне да напредуваат во следната рунда.[22] На 23 ноември, неговиот престој во Дорчестер бил прекинат предвреме, бидејќи бил повлечен од назад од неговиот матичен клуб Борнмут поради кризата со повреди играчи во клубот.[23]
На 30 ноември, тој потпишал ново продолжување на договорот до 2012 година.[24] Тој го направил своето деби во лигата и воедно првиот старт за Борнмут на 28 декември 2010 година, во гостинскиот пораз со 2-0 од Милтон Кинс Донс во Лига Еден, кога бил заменет во првото полувреме од Стив Флечер.[25] Тој започнал да станува редовен стартер во првиот тим на Борнмут во вториот дел од сезоната и го постигнал својот прв професионален гол против Свиндон Таун на 1 февруари 2011, во победата со 3-2 на Дин Корт.[26] Неговата добра форма била наградена со ново продолжување на договорот, овојпат до 2013 година.[7] На 26 февруари 2011 година, тој постигнал гол со глава за изедначување на резултатот во победата со 2-1 на гостински терен против Дагенам и Редбриџ.[27] На 1 април тој додал уште еден гол на својата сметка стрелајќи во мрежата на Питерборо Јунајтед во ремито 3-3.[28] Ингс бил во фантастична форма во текот на месец април, постигнувајќи четири гола на три натпревари. Тој постигнал прекрасен гол со "ножички" за изедначување на резултатот во последната минута од натпреварот против Транмир Роверс, меѓутоа, црешите сепак го загубиле тој натпревар со 2-1 со примен гол на самиот крај.[29] Тој исто така бил стрелец и во гостинската победа со 2–0 над Нотс Каунти.[30] Во ремито 2-2 против Јовил Таун Ингс за првпат во кариерата постигнал два гола на еден натпревар, од кои еден бил од пенал.[31] Неговиот последен гол за Борнмут дошол во последниот натпревар на клубот за сезоната, полуфиналниот пораз од Хаудерсфилд Таун во плејофот за промоција, каде Борнмут бил елиминиран по изведување на пенали.[32]
Во летото 2011 година, тој бил поврзан со заминување од Борнмут откако големи клубови како Селтик, Ливерпул и Њукасл Јунајтед пројавиле интерес за него.[7] Фулам, уште еден клуб од Премиер лигата, пак доставил и официјална понуда од 400,000 фунти за Ингс која била одбиена од Борнмут.[7] Во јули 2011 година, Ингс бил награден со својот петти договор за дванаесет месеци, кој сега бил значително подобрен и според кој би требало да биде еден од најдобрите заработувачи во клубот.[7] Тој останал во клубот за време на претсезонските подготовки и започнал во првиот натпревар од сезоната во кој црешите регистрирале тежок пораз од 3-0 на гостувањето кај Чарлтон Атлетик. Тој натпревар се испоставил и како негов последен настап за Борнмут.[33]
На 15 август 2011, Ингс потпишал за Барнли, клуб од Чемпионшип лигата, за необјавена сума за која се верува дека изнесувала околу 1 милион фунти.[34] Така тој се споил со поранешниот менаџер од Борнмут Еди Хау, кој се преселил во истата насока осум месеци порано.
Своето деби за Барнли го имал на 14 февруари 2012 година, во победата со 2-0 над Барнсли на Трф Мор, влегувајќи како доцна замена на местото на Чарли Остин.[35] Неговиот прв старт за Барнли се случил еден месец подоцна, на 10 март 2012 година, во ремито 1-1 на домашен терен со Кристал Палас.[36] Својот прв гол за Барнли Ингс го постиганал на 31 март, во победата со 5-1 над Портсмут на Фратон парк.[37] Веќе во следниот натпревар тој повторно бил стрелец, постигнувајќи го изедначувачкиот гол за својот тим во поразот од 3-1 од Бирмингем Сити.[38] Неговиот трет и последен гол за сезоната дошол во последниот натпревар од кампањата, во ремито 1-1 на домашен терен со Бристол Сити тресејќи ја мрежата на гостите со удар од далечена.[39] Својата прва сезона во Барнли ја завршил со 15 настапи и 3 гола сите во лигата.
Тој ја започнал сезоната 2012–2013 како прв избор во нападот за време на претсезонските подготовки, по продажбата на напаѓачот Џеј Родригес во Саутхемптон. Ингс започнал добро, постигнувајќи гол во две од пријателските натпревари во претсезоната, меѓутоа за несреќа се здобил со сериозна повреда на коленото во последниот подготвителен натпревар. Деталните прегледи покажале дека тој ја скинал 'рскавицата на коленото (другото колено за разлика од она со кое имал проблеми во претходната сезона), што резултирало со операција, која го задржала надвор од акција два месеци иако првичните предвидувања биле дека ќе пропутши дури шест месеци од сезоната. Својот прв гол за сезоната го постигнал на 22 декември 2012 во ремито 2-2 на гостувањето кај Бирмингем Сити. Во сезоната 2012-2013, тој забележал 33 настапи и 3 гола.[40]
По заминувањето на најдобриот стрелец на Барнли, Чарли Остин во Квинс Парк Ренџерс, Ингс станал главен напаѓач на клубот во сезоната 2013–2014.[41] Тој собрал низа импресивни настапи во претсезонската кампања на кларетс и постигнал два гола на воведните три натпревари во лигата, како и гол во Лига купот против Јорк Сити.[42] Како награда за неговиот континуирано добар почеток на сезоната, Ингс бил прогласен за Играч на месецот во Чемпионшип за октомври.[43]
Во март 2014 година, Ингс бил избран за Играч на годината во Чемпионшип, пред другите двајца номинирани: напаѓачот на Лидс Јунајтед Рос Мекормак и играчот од средниот ред на Лестер Сити Дани Дринквотер.[44] Тој ја заврши сезоната 2013–2014 во Чемпионшип лигата со 22 гола, помагајќи му на Барнли да заврши на второто место и да избори промоција во Премиер лигата за наредната сезона.[45]
На 19 август 2014 година, Ингс го направил своето деби во Премиер лигата во поразот со 1-3 од Челси на Трф Мор.[46] Неговиот прв гол во Премиер лигата дошол во поразот на домашен терен со 1-3 од Евертон на 26 октомври.[47] На 22 ноември 2014 година, Ингс ги постигнал двата гола на Барнли во победата со 2-1 на гостувањето кај Стоук Сити, што била првата гостинска победа на клубот за сезоната.[48] Во текот на јануари и февруари 2015 година, Ингс постигнал пет гола на шест натпревари во Премиер лигата, помагајќи му на тимот да постигне нерешени резултати со Њукасл Јунајтед и Вест Бромвич Албион, и да го порази Квинс Парк Ренџерс.[49] Во мај, тој го постигнал победничкиот гол во победите со 1-0 над Хал Сити и Астон Вила за да ја заврши сезоната со 11 голови од 35 настапи во лигата, но сепак неуспеал да го спаси својот тим од испаѓање.
На 8 јуни 2015 година, екипата на Ливерпул објавила дека тие ги договориле личните услови со Ингс, и дека во скоро време го очекуваат играчот да се појави на медицински тестови,[50] како и дека надоместокот што ќе му биде исплатен на Барнли ќе биде развојен за играчи под 24 години, или ќе биде утврден од страна на трибуналот.[51] Трибуналот донел одлука, трансфер сумата да биде утврдена од страна на комитетот за фудбалски компензации.[52] На 28 април 2016 година, сагата конечно била решена. Ливерпул требало да му плати на Барнли рекордна сума за расправата на трибуналот: 6,5 милиони фунти, со дополнителни 1,5 милиони фунти во бонуси поврзани со перформансите на играчот. Барнли подоцна добил и дополнителни 3,6 милиони фунти поради клаузулата според која на нив им припаѓале 20% од следната продажба, која се случила кога Ливерпул го продал Ингс во Саутхемптон за 18 милиони фунти.[53]
Своето деби Ингс го направил на 29 август 2015 година во поразот со 3-0 од Вест Хем Јунајтед на Енфилд.[54] Своето европско деби за клубот го направил на 17 септември во групната фаза од Лигата на Европа против Бордо во ремито 1-1, влегувајќи како замена на местото на Дивок Ориги.[55] Три дена подоцна, тој го заменил Кристијан Бентеке на полувремето и само три минути подоцна го постигнал својот прв гол за Ливерпул во ремито 1-1 против Норвич Сити.[56] На 4 октомври 2015 година, тој го постигнал првиот гол во ремито со истиот резултат против Евертон во Дербито на Мерсисајд.[57] На 15 октомври 2015 година, на својата прва тренинг сесија под водство на новиот менаџер Јирген Клоп, Ингс претрпел повреда на предниот вкрстен лигамент на левото колено и по првите прогнози требало да биде исклучен за остатокот од сезоната.[58] Сепак, Ингс се вратил на терените порано од предвиденото, забележувајќи настап од клупата за резерви во последниот натпревар од сезоната, ремито 1-1 на гостувањето кај Вест Бромвич Албион.[59]
Сезоната 2016-2017 Ингс ја започнал играјќи за резервите за да се врати во фитнес форма. На 25 октомври 2016 година, Ингс претрпел оштетување на десното колено на натпреварот од Лига купот против Тотенхем поради што следувал уште еден период надвор од акција овојпат и до 9 месеци.[60] Тој успешно бил подложен на операција за да се поправи штетата на коленото и започнал со рехабилитација во Мелвуд на 9 ноември.[61]
На 19 септември 2017 година, Ингс го остварил својот прв настап по 11 месеци пауза кога се појавил како замена во второто полувреме од поразот со 2-0 од Лестер Сити во Лига купот.[62] На 21 април 2018 година, тој го постигна својот прв гол по неговото враќање од повредата во реми 2-2 со Вест Бромвич Албион. Ова бил негов прв гол од 2015 година наваму и исто така негов прв и единствен гол под водството на Клоп.[63]
Откако имал проблеми да најде простор за игра за време на сезоната 2017–2018 поради одличната форма на напаѓачите Роберто Фирмино, Мохамед Салах и Садио Мане, Ингс побарал заминување од Ливерпул во текот на летото на 2018 година. Ингс бил популарна фигура во соблекувалната и Јирген Клоп не сакал да го пушти да замине и покрај неговите ограничени настапи во претходната сезона.[64] На 9 август 2018 година, Ингс му се приклучил на Саутхемптон на заем до крајот на сезоната, со можност за постојан трансфер на 1 јули 2019 година,[65] доколку светците му исплатат на Ливерпул 18 милиони фунти, плус можни дополнителни 2 милиони фунти во бонуси врз основа на настапи.[66] На 12 август, тој го направил своето деби како замена во второто полувреме во ремито без голови против неговиот поранешен клуб Барнли.[67] Својот прв гол за светците го постигнал пет дена подоцна во својот прв старт за клубот, во поразот со 2-1 од Евертон.[68] На почетокот на следниот месец, тој го постигнал првиот гол за Саутхемптон во победата со 2-0 на гостувањето кај Кристал Палас, помагајќи му на клубот да ја оствари својата прва првенствена победа во сезоната.[69] На 16 декември, Ингс постигнал два гола на еден натпревар за првпат од 2014 година во победата на домашен терен над Арсенал со 3-2.[70] Сезоната ја завршил со 25 настапи и 8 гола.
На 1 јули 2019 година, Саутхемтпон ја искористил опцијата да го откупи трајно Ингс од Ливерпул.[71]
На 3 октомври 2013 година, Ингс го добил својот прв повик во репрезентацијата под 21 година од страна на селекторот Гарет Саутгејт.[72] Тој го направил своето деби една недела подоцна влегувајќи како замена во победата со 4-0 на гостински терен против Сан Марино.[73] Својот втор настап го имал против истиот противник на 19 ноември, и постигнал два гола во победата на Англија со 9-0 на Њу Мидоу.[74] Во јуни 2015, бил повикан да ја претставува Англија на Европското првенство за играчи под 21 година 2015, каде играл во сите три натпревари во групата која англичаните не успеале да ја минат. Ингс забележал вкупно 13 настапи и постигнал четири гола за репрезентацијата под 21 година во периодот од 2013 до 2015 година.
На 1 октомври 2015 година, Ингс го добил својот прв повик во сениорската репрезентација на Англија од селекторот Рој Хоџсон, за последните два натпревари од квалификациите за Европското првенство 2016 против Естонија и Литванија.[75] Своето деби го направил на 12 октомври, заменувајќи го Хари Кејн во 59-тата минута од натпреварот против Литванија кој Англија го добила со 3-0 во Вилнус.[76]
Статистиката е ажурирана на 1 јануари 2020.
1 Мекарти · 2 Вокер-Питерс · 3 Менинг · 4 Даунс · 5 Стивенс · 7 Арибо · 9 А. Армстронг · 10 Адамс · 11 Рос Стјуарт · 12 Онуачу · 13 Лумли · 14 Бри · 16 Смолбун · 17 С. Армстронг · 18 Мара · 19 Ротвел · 20 Сулемана · 21 Харвуд-Белис · 23 Едози · 26 Фрејзер · 27 Амо-Амејао · 28 Лариос · 31 Базуну · 35 Беднарек · 36 Брукс · Менаџер: Мартин