Габро

Габро

Габро е длабинска магматска карпа од групата на габровите и базалтите. Има зрнеста структура, а текстурата е најчесто масивна. Изграден е од следните минерали: базични плагиокласи, моноклински пироксени и оливин, а како акцесорни минерали се појавуваат илменит, апатит и магнетит.

Многу е честа појавата на секундарни минерали во габровите, како што се: сосирит, уралит, сфен, епидот, калцит и хлорид.

Габрото обично се појавува во поголеми магматски тела, има темнозелена до црна боја. На подрачјето на РМ габрови се појавуваат во рамките на офиолитската секвенца на океанската кора во комплексот Демир КапијаГевгелија.[1]

Наводи

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!