Виолета Шапковска
Виолета Шапковска (р. на 1952) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица. Како веќе искусен глумец, таа се вработила во Драмски театар - Скопје во 1981 година, и работела се до нејзиното пензионирање во 2020 година.
Театарски претстави
- Пелиново од Жарко Команин, р. Љубиша Георгиевски, Македонски народен театар 1974;
- Кандила и родан од Бранко Ставрев, р. Бранко Ставрев, Македонски народен театар 1974;
- Чук, чук Стојанче од Оливера Николова, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1975;
- Аѓутантот — Достага на самиот врв на највисоката власт од Коле Чашуле, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 1975;
- На сончевата стран од Иво Андриќ, р. Коле Малинов, Македонски народен театар 1975;
- Цар Едип од Софокле, р. Миле Корун, Драмски театар - Скопје 1976;
- Најмалата сестра од Горан Бабиќ, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1977;
- Људмила — Васа Железнова од Максим Горки, р. Димитар Ќостаров, Драмски театар - Скопје 1980;
- Маша — Бркотница од Лев Биринскиј, р. Владимир Милчин, Драмски театар - Скопје 1980;
- Девојката — Крвави свадби од Федерико Гарсија Лорка, р. Крум Стојанов, Драмски театар - Скопје 1981;
- Ланабој — Џон Пиплфокс од Мирослав Беловиќ, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1981;
- Принцезата Златка — Сината боја на снегот од Гигор Витез, р. Давор Младинов, р. Драмски театар - Скопје 1981;
- Шарлот — Еригон од Јордан Плевнеш, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 1982;
- Саша — Полнети птици од Фадил Хаџиќ, р. Димитрие Османли, Драмски театар - Скопје 1982;
- Смилјанка — Мачорот Џингискан и Мики траси, р. Звездана Ладика, Драмски театар - Скопје 1982;
- Ланабој — Џон Пиплфокс од Душан Радовиќ, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1984;
- Вештерка — Сонување низ сонот на бајките од Симе Илиев, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1984;
- Шарко — Авантурите на Понг и Луси од Доди Смит, р. Душан Наумовски, Драмски театар - Скопје 1985;
- Капетанот — Самола од Оскар Вајлд, р. Милан Белигишанин, Драмски театар - Скопје 1985;
- Викенд на мртовци од Миле Попоски, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1985;
- Кројачка — Зојкиниот сон од Михаил Афанасиевич, р. Стојан Стојановски, Драмски театар - Скопје 1986;
- Елена — Собирен центар од Душан Ковачевиќ, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1989;
- Баба — Рекламна бајка од Афродита Кирјаковска, р. Коле Ангеловски, Македонски народен театар 1989;
- Софи — Самоубиец од Николај Ердман, р. Бранко Ставрев, Драмски театар - Скопје 1990;
- Церера — Бура од Вилијам Шекспир, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1992;
- Менка — Прости дарови од Карма Ибзен, р. Карма Ибзен, Драмски театар - Скопје 1993;
- Сосрета — Жени во народно собрание од Аристофан, р. Димитар Христов, Драмски театар - Скопје 1994;
- Жената — Ревизор од Николај Василевич Гогољ, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 1995;
- Чест од Васил Иљоски, р. Виолета Џолева, Драмски театар - Скопје 1998;
- Мефисто од Клаус Ман, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 2000;
- Жена — Дон Жаун од Жан Батист Молиер, р. Александар Поповски, Драмски театар - Скопје 2005;
- Нашиот непрежален од Карино Васки, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 2006;
- Селанка — Македонска крвава свадба од Војдан Чернодрински, р. Сташа Зуровац, Драмски театар - Скопје 2012;
- Жената — Буре барут од Дејан Дуковски, р. Сашо Миленковски, Драмски театар - Скопје 2016;
- Баба — Како да се ограби банка од Коле Ангеловски, р. Иван Манасковски, Драмски театар - Скопје 2018.
Филмографија
Шапковска ги остварила филмските улоги:[1]
Наводи
|
|