Вембли е кварт во северозападен Лондон. Овој кварт е познат по истоимениот стадион којшто е најголем во Обединетото Кралство, како и по познатата Вембли Арена.
Овој кварт не е многу привлечен за живеење и во него има многу иселеници од Африка, Јужна Америка, Карибите, Азија, Источна Европа како и од Јужна Европа. Населението коешто живее во него е посиромашно и во овој дел на Лондон многу се чести кражбите, а развиен е и останатиот уличен криминал. Во овој кварт засилена е полициската контрола, а единствена светла точка во него се Стадионот Вембли и Вембли Арената.