Вацлав Хавел (роден на 5 октомври 1936 во Прага - 18 декември 2011[1]) — чешки драматург, есеист, дисидент и политичар. Тој служел како десетти и последен претседател на Чехословачка (1989-92) и прв претседател на Чешката Република (1993-2003). Има напишано над дваесет претстави и бројни документарни дела, преведувани низ целиот свет. Има добиено бројни награди и признанија и е изгласан за еден од стоте врвни светски интелектуалци во глобалната анкета на магазинот Проспект во 2005 г.[2] Тој бил еден од основачките потписници на Прашката декларација за европската совест и комунизмот[3].