Валон Бехрами (роден на 19 април 1985 година) — швајцарски фудбалер, играч од средниот ред на Сион и на швајцарската репрезентација.
На 16 август 2017, Бехрами потпишал двогодишен договор со италијанскиот Серија А клуб Удинезе, кој е во сопственост на семејството Поцо исто како и неговиот претходен клуб Вотфорд.[1] На 28 јануари 2018, го постигнал својот прв погодок за зебрете во победата со 1-0 на гостувањето кај Џенова.[2]
Во август 2018, Бехрами бил избран за капитен на Удинезе за сезоната 2018-2019, по заминувањето на долгогодишниот капитен на клубот Данило.[3].
На 2 јули 2019, по 16 години играње во странство Бехрами се вратил во Швајцарија каде потпишал договор со екипата на Сион.[4]
На 2 јануари 2020, Бехрами се вратил во екипата на Џенова за која последен пат играл во 2005 година.[5] На 5 јануари, го направил своето деби влегувајќи од клупата како замена во победата со 2–1 на домашен терен против Сасуоло.