Бросовите (науч.Rubiaceae) е една од најголемите фамилии на цветни растенија, со околу 650 родови и повеќе од 13.000 видови. Името оваа фамилија го носи по родот Брос (Rubia). Тука припаѓаат неколку економски важни растенија. Од Rubia cordifolia се добива боја, од видот Morinda angustifolia се користи кората, додека од родот Elaeagia се добива лак кој го користат уметниците. Меѓутоа, сепак најпознати растенија од оваа фамилија се: кафето (Coffea arabica и Coffea liberica) и Cinchona (од кое се добива лекот кинин). Има и неколку украсни растенија, како Ixora, Gardenia и Mussaeda.
Повеќето од видовите се среќаваат во тропските региони. Неколку видови се присутни и во умерените региони, каде се тревести. Овие растенија се јавуваат најчесто како дрвја и грмушки.
Морфологија
Тоа се многугодишни хемикриптофитни растенија. Листовите се наспрамни, прости и целокрајни. Соцветијата се цимозни. Цветовите се хермафродитни и ретко зигоморфни. Околуцветникот е составен од 4 до 5 чашкини ливчиња и 4 до 5 венечни ливчиња. Столпчето е нежно, додека устенцата се капитатни или повеќеделни.
Цветовите се протоандрични (прво се развива машкиот дел од цветот). Опрашувањето е со помош на инсекти, додека семињата се распространуваат епизоохорно (со животни).
Систематика
Родовите се распоредени во племиња кои од своја страна се сместени во три потсемејства: