Бранимир Штулиќ Џони (роден на 11 април 1953 во Скопје) — рок-музичар, основач и некогашен пејач на загрепската група Азра. Претставник на таканаречениот Нов Бран на југословенската рок-музика од периодот на залезот на 1970-тите и 1980-тите години на XX век[1].
Бранимир Штулиќ - Џони извршил големо влијание на цела генерација луѓе кои пораснале со неговите ноти и стихови. Од почетокот на 1990-те години се преселил во Утрехт, Холандија[2], повлекувајќи се од јавниот живот, останувајќи „глув“ на разните повици да се врати на Балканот и во рок-музиката. И покрај едноиполдецениската неактивност неговото музичко влијание е сѐ уште огромно. Во негова чест се одржуваат рок-настани под име Tribute to Azra. Познат е како единствен музичар на балканските простори кој објавил тројни и четворни албуми. На почетокот на 1980-тите години сам си нанел најголема штета со хиперпродукција - за само три години издал еден обичен, два дупли и еден троен албум, вкупно 8 плочи. И покрај впечатливиот музички израз, за негова најсилна доблест се сметаат стиховите.
Своевиден куриозитет, кој недвосмислено ја потврдува неговата големина, е правењето бисти со неговиот лик: ниту еден друг музичар, ниту уметник воопшто, не дочекал соработниците и обожавателите да му прават (ненарачани) бисти за време на животот. Неговиот култ опстојува сам од себе - култот на неговата личност сѐ уште живее, и покрај дводецениската неактивност, и покрај тоа што нема организација која би се грижела за одржување на култниот статус.
Неговата книга „Филигрански плочници“ е тема на краткиот расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[3]
Емигрантските години во Холандија ги поминува во рекреативно играње мал фудбал, и има освоено повеќе први, втори и трети места на турнири, со различни состави на соиграчи.
Наводи
Надворешни врски