„Бојот започна горе Крушево“ — македонска народна песна, напишана од непознат автор. Песната е посветена на Крушевската република и за нејзиниот пад, односно битката на Мечкин Камен предводена од Питу Гули, и пустошот што го доживеало Крушево и неговите жители. Песната има патриотски карактер.
Текст
-Бојот започна горе Крушево,
горе Крушево, на Мечкин Камен.
Питу Гули славно загина,
славно падна за Македонија.
Таму се бие тој славен јунак,
тој славен јунак, тој Питу Гули.
Питу Гули славно загина,
славно падна за Македонија.
Жените плачат, децата пискаат,
а крв се лее на Мечкин Камен.
Питу Гули славно загина,
славно падна за Македонија.
Надворешни врски