Бојник (птица)

Бојник
Two male Ruff in breeding plumage each with prominent neck feathers, white underparts, and flanks blotched with black. One has a white neck collar of feathers and the other has a colour that is almost entirely very dark brown.
Мажјаци со перје во сезона на парење
Женка во сезона на парење
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Семејство: Мочварки
Род: Пескарки
Merrem, 1804
Вид: Бојник
Научен назив
Philomachus pugnax
(Linnaeus, 1758)
Generally Ruffs migrate north and breed in the northern hemisphere from about May to August, and generally at the end of the breeding season they migrate south and spend several months the Sub-Tropics before migrating north again
      Лето, размножување
      Цела година
      Зима, без размножување

Бојник (научPhilomachus pugnax) — средноголема крајбрежна птица која се размножува во северните делови на Европа и Азија, а зимува во јужна и западна Европа, Африка, јужна Азија и Австралија. Се среќава и во Македонија.

Опис

Бојникот има мала глава, среднодолг клун, долгнавест врат и овално тело. Долгите нозе се жолти или портокалови. Во лет има подлабок и побавен удар со крилјата од другите слични птици и има тенка бела лента на крилјата и на двете страни од опашката.[2] Бојникот покажува значителен полов диморфизам иако има мал процент мажјаци кои наликуваат на женките.[3] Но, типичните мажјаци се доста поголеми од женките и имаат впечатливи пердуви во сезоната на парење. Мажјакот е долг 29–32 см има распон на крилјата 54–60 см[2] и тежи околу 180 грама.[4] Во сезоната на парење која е обично од мај до јуни, нозете, клунот и голите делови на лицето на мажјакот се портокалови и има карактеристични пердуви на главата и голем пердувест околувраник. Овие орнаменти поединечно варираат, па може да бидат црни, костенливи или бели, шарени, со рабови или насекаде прошарани.[2] Сиво-кафениот грб има скалести шарки, често со црни и костенливи пердуви, а долниот дел му е бел со интензивна црна боја на градите. Вон сезоната на парење, овие декорации на пердувите и бои на нозете, клунот и околу очите се губат, и стануваат пообични. Тогаш мажјакот има сиво-кафенест грб и бели долни делови, со сиви шарки на градите и страните.[2]

Territorial male in breeding plumage with head pointing down, showing the brown ruff and back feathers erected in display
Мажјак со перје во сезона на парење

Женката, пак, е долга 22–26 см со распон на крилјата 46–49 см [2] и тежина околу 110 грама.[4] Во сезоната на парење има сиво-кафени горни делови, со пердуви кои се темни во средината и бели на рабовите. Градите и боковите ѝ се со црни точки. Зиме се слични со мажјакот, само се разликуваат по големина. Перјето на младенчињата е слично на возрасните кога се вон сезона на парење, но горните делови имаат шарки во скелеста форма, со темни внатрешни делови на пердувите, а одоздола се со потемна нијанса.[2]

Типичниот мажјак бојник почнува со здобивање на впечатливите пердуви за парење уште пред да се врати на територијата за парење. Двегодишните птици заостануваат во декорациите. Имаат помала телесна тежина и можеби долгиот пат на преселба ги истоштува, па немаат доволно сила за навремено да се „украсат“.[5]

Бојниците од двата пола имаат дополнителна состојба на перјето меѓу зимувањето и конечната летна – за размножување. Пред да му се развие целосната декорација со китки и гривни во боја, мажјаците добиваат шарени пердуви. Женките, исто така, добиваат мешавина од зимски и летни пердуви. Мажјакот конечните летни пердуви ги добива откако ќе ги замени сите, и зимските и овие преодни, додека женките ги менуваат само зимските, а преодните им остануваат. Можеби преодните пердуви биле оригиналните пердуви за размножување, но заради силната конкуренција, мажјакот развил уште една фаза на преобразување.[6]

Поведение

Бојниците при преселбата формираат големи јата составени од стотици, па и илјадници птици. Мажјаците, кои немаат никаква улога во инкубацијата и одгледувањето на младенчињата, го напуштаат местото на размножување порано, кон крајот на јуни или почетокот на јули, а женките и младенчињата заминуваат при крајот на јули. Тие одат по различни патеки до местото на зимување. На пример, во Британија запираат само јата со мажјаци, додека во Кенија претежно се женки.[7]

Размножување

A displaying male is leaping with wings extended, showing its white underwings.
Територијален мажјак

Во сезоната на парење мажјаците се покажуваат на отворен простор и, како ретко кои други птици, тоа го прават за другите мажјаци. Односно, кај нив се води борбата меѓу соперниците.[8][9] Има три форми на мажјаци: типични територијални, сателитски, со бела грива и третите, неодамна откриени – кои личат на женките. Територијалните, кои се околу 84 % од вкупниот број, вообичаено заземаат мала територија од просторот за парење и имаат црни или костенливи пердуваи на гривата. Тие активно им се приближуваат на женките и покажуваат висок степен на агресија кон другите мажјаци; 5–20 територијални мажјаци држат по 1 м своја територија, со празен простор во центарот. Нивното покажување вклучува: мавтање со крилата, скокање, исправено стоење, кревање на пердувите на гривата или борење со соперникот.[2] Тие се тивки, дури и за време на ваквото покажување, освен понекогаш испуштаат мек звук како „гу-гу-гу“.

Мажјаците сателити се околу 16% и имаат бела или светла грива и не заземаат територии, туку влегуваат во територијата и се обидуваат да се спарат со женките кои ги посетуваат териториите на другите мажјаци. Територијалните мажјаци ги толерираат сателитските зашто тие привлекуваат дополнителен број женки.[10][11] Женките, исто така, сакаат поголеми простори за размножување,[12] опкружени со повисока вегетација што им овозможува подобро место за гнездење.[13]

A satellite male seen from the front, showing white underparts and a white ruff
Сателитски мажјак со бела грива
Calidris pugnax pugnax

Третиот вид мажјаци, за првпат откриени 2006; личат на женките и се околу 1% од вкупниот број мажјаци. По големина се меѓу територијалните мажјаци и женките и немаат гриви. Тие влегуваат во територијата за парење заедно со женките и ги „крадат“ кога ќе бидат подготвени за парење.[3]

Гнездење

Гнездото претставува плитка дупка во земјата едвај покриена со трева, гранки и листови, скриено во висока трева, а оддалечено е околу 400 метри од местото на парење. Јајцата се малку светкави, зелени или маслинастозелени, со потемни дамки. Вообичаено несат 4 јајца со димензии 44 x31mm и тешки 21 g. Јајцата ги лежи само женката 20–23 дена, а на пилињата им треба уште 25–28 дена за да се осамостојат.[4] Младенчињата имаат окер и костенлива боја ододздола, набрано и обрабено со црно и малку матирано со бела боја одозгора.[14] Сами се хранат со мали инсекти, но предводени од женката. Се одгледува по едно легло секоја година.[4]

Исхрана

Вообичаено, бојниците се хранат одејќи и прибирајќи храна што ќе ја здогледаат, најчесто ларви од инсекти и инсекти. Понекогаш ги собираат од површината на водата. Се хранат ноќе, како и дење.[15]

Врски со луѓето

A 1897 black-and-white drawing of a group of Ruffs moving towards an area baited with food. Some are flying towards the food. A net lies on the ground beside the feeding area.
1897 илустрација на фаќање бојници со мрежа

Во 1465 година, по повод востоличкувачкиот банкет на архиепископот Невил, во Англија, биле послужени 2400 бојници. Биле фатени на територијата на парење. Така, во Англија до 1880 година овој вид дошол до границата на исчезнување, но полека со мал број нови колонии се ревитализираат од 1963 година.[4][14]

Статус

Бојникот е распространет на 1–10 милиони квадратни километри и има популација од најмалку 2,000,000 птици. Европската популација од 200,000–510,000 пара, опфаќа повеќе од половина птици, што е за 30% порасната во последните 10 години. Но, таа бројка можеби произлегува од промените на местата на размножување. Бројот од популацијата на Азија не се зголемил. Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици се однесува и на бојникот.[16] This commits signatories to regulate the taking of listed species or their eggs, to establish protected areas to conserve habitats for the listed species, to regulate hunting and to monitor the populations of the birds concerned.[17]

Наводи

  1. BirdLife International (2012). Philomachus pugnax. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Mullarney et al. (1999) 156
  3. 3,0 3,1 Jukema, Joop; Piersma, Theunis (2006). „Permanent female mimics in a lekking shorebird“ (PDF). Biology Letters. 2 (2): 161–164. doi:10.1098/rsbl.2005.0416. PMC 1618908. PMID 17148353. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-24. Посетено на 2013-05-12.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 „Ruff Philomachus pugnax [Linnaeus, 1758]“. Bird facts. British Trust for Ornithology. Посетено на 16 April 2009.
  5. Karlionova, Natalia; Meissner, Wlodzimierz; Pinchuk, Pavel (2008). „Differential development of breeding plumage in adult and second-year male Ruffs Philomachus pugnax“. Ardea. 96 (1): 39–45. doi:10.5253/078.096.0105.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  6. Jukema, Joop; Piersma, Theunis (2000). „Contour feather moult of Ruffs Philomachus pugnax during northward migration, with notes on homology of nuptial plumages in scolopacid waders“ (PDF). Ibis. 142 (2): 289–296. doi:10.1111/j.1474-919X.2000.tb04868.x.
  7. Pearson, D. J. (1981). „The wintering and moult of ruffs Philomachus pugnax in the Kenyan Rift Valley“. Ibis. 123 (2): 158–182. doi:10.1111/j.1474-919X.1981.tb00922.x.
  8. Roulin, Alexandre (2004). „The evolution, maintenance and adaptive function of genetic colour polymorphism in birds“ (PDF). Biological Reviews. 79 (4): 1–34. doi:10.1017/S1464793104006487. PMID 15682872.
  9. Payne (1984) 13–14
  10. Hill, Wendy L. (1991). „Correlates of male mating success in the ruff Philomachus pugnax, a lekking shorebird“. Behavioral Ecology and Sociobiology. 29 (5): 367–372. doi:10.1007/BF00165962.
  11. Hugie, Don M.; Lank, David B. (1997). „The resident's dilemma: a female choice model for the evolution of alternative mating strategies in lekking male ruffs (Philomachus pugnax)“ (PDF). Behavioral Ecology. 8 (2): 218–225. doi:10.1093/beheco/8.2.218.
  12. Lank, David B.; Smith, Constance M. (1992). „Females prefer larger leks: field experiments with Ruffs (Philomachus pugnax)“. Behavioral Ecology and Sociobiology. 30 (5): 323–329. doi:10.1007/BF00170598.
  13. Hoglund, Jacob; Widemo, Fredrik; Sutherland, William J.; Nordenfors, Helena (1998). „Ruffs, Philomachus pugnax, and distribution models: can leks be regarded as patches?“. Oikos. 82 (2): 370–376. doi:10.2307/3546978. JSTOR 3546978.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  14. 14,0 14,1 Coward (1930) 150–154
  15. del Hoyo et al. (1996) 530–531
  16. „Annex 2: Waterbird species to which the Agreement applies“ (PDF). Agreement on the conservation of African-Eurasian migratory Waterbirds (AEWA). AEWA. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-03-30. Посетено на 22 April 2008.
  17. „Annex 3: Waterbird species to which the Agreement applies“ (PDF). Agreement on the conservation of African-Eurasian migratory Waterbirds (AEWA). AEWA. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-08-10. Посетено на 22 April 2008.

Надворешни врски

Read other articles:

بوستر الإعلان عن مشروع محرر ويكيبيدي النسخة الثانية. النسخة الثانية من مشروع محرر ويكيبيدي أُعلِن عنها 25 يونيو 2020 لتبدأ مع مطلع شهر يوليو وتستمر حتى 19 أغسطس 2020 (واستمر المشاركون بإرسال المقالات حتى 21 أغسطس)، يهدف المشروع إلى التعريف بويكيبيديا وطرق التحرير بها لإثراء المح...

 

У этого термина существуют и другие значения, см. Арабский социалистический союз. Арабский социалистический союзараб. الاتحاد الاشتراكى العربى‎ Лидер Муаммар Каддафи Основатель Муаммар Каддафи Основана 11 июня 1971 года Упразднена 3 марта 1977 года Штаб-квартира Триполи, Л

 

English folk ballad Wikisource has original text related to this article: Child's Ballads/26 The Twa Corbies, illustration by Arthur Rackham to Some British Ballads The Three Ravens (Roud 5, Child 26) is an English folk ballad, printed in the song book Melismata[1] compiled by Thomas Ravenscroft and published in 1611, but it is perhaps older than that. Newer versions (with different music) were recorded right up through the 19th century. Francis James Child recorded several versi...

2010 studio album by Justin BieberMy World 2.0Studio album by Justin BieberReleasedMarch 19, 2010RecordedNovember 2008–2009Genre Teen pop bubblegum pop dance-pop R&B blue-eyed soul Length37:37Label Island Teen Island RBMG Schoolboy Producer Justin Bieber Tricky Stewart The-Dream Jerry Duplessis Mel & Mus Dapo Torimiro Dirty Swift Bruce Waynne Benny Blanco The Messengers Bryan-Michael Cox The Stereotypes The Runners Mama Jan Smith Justin Bieber chronology My World(2009) My Wo...

 

This article needs additional citations for verification. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: Buddhist Fat Ho Memorial College – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (July 2012) (Learn how and when to remove this template message) School in Hong KongBuddhist Fat Ho Memorial College佛教筏可紀念中學Buddhist Fat Ho Memorial College, Tai O, H...

 

Hospital in EnglandThe Dene HospitalThe Priory GroupMain Entrance to The Dene HospitalShown in West SussexGeographyLocationGatehouse Lane, Goddards Green, West Sussex, England, United KingdomCoordinates50°57′56″N 0°09′54″W / 50.9656°N 0.1651°W / 50.9656; -0.1651OrganisationCare systemNational Health ServiceTypePrivateServicesEmergency departmentNo Accident & EmergencyHistoryOpened1902LinksListsHospitals in England The Dene Hospital is a private hospital...

1971 live album by The Masters ApprenticesNickelodeonLive album by The Masters ApprenticesReleasedNovember 1971 (1971-11)RecordedJanuary 1971VenueThe Nickelodeon, PerthGenreHard rock, psychedelic rockLabelColumbiaProducerHoward GableThe Masters Apprentices chronology Master's Apprentices (Choice Cuts)(1971) Nickelodeon(1971) A Toast To Panama Red(1972) Singles from Nickelodeon Future of Our Nation / New DayReleased: June 1971 Nickelodeon is the first live album by The Master...

 

1945 photograph by Joe Rosenthal Raising the Flag on Iwo Jima, by Joe Rosenthal of the Associated Press Raising the Flag on Iwo Jima (Japanese: 硫黄島の星条旗, Hepburn: Iōtō no Seijōki, lit. 'The Flag of Stars and Stripes on Iō Tō') is an iconic photograph of six United States Marines raising the U.S. flag atop Mount Suribachi during the Battle of Iwo Jima in the final stages of the Pacific War. The photograph, taken by Joe Rosenthal of the Associated Press on February 2...

 

German footballer (born 1994) Yannick Gerhardt Gerhardt in 2014Personal informationDate of birth (1994-03-13) 13 March 1994 (age 29)Place of birth Würselen, GermanyHeight 1.84 m (6 ft 0 in)[1]Position(s) Defensive midfielderTeam informationCurrent team VfL WolfsburgNumber 31Youth career SC Kreuzau 1. FC KölnSenior career*Years Team Apps (Gls)2013–2014 1. FC Köln II 13 (0)2013–2016 1. FC Köln 74 (6)2016– VfL Wolfsburg 179 (14)International career‡2012 Ge...

1988 arcade video game This article is about the arcade game. For other uses, see Cabal (disambiguation). This article needs additional citations for verification. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: Cabal video game – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (December 2020) (Learn how and when to remove this template message) 1988 video gameCab...

 

Mikoyan-Gurevich MiG-19MiG-19 di National Museum of Military History, Sofia, 14 Juni 2008TipeFighterTerbang perdana18 September 1953DiperkenalkanMaret 1956StatusBeberapa beroperasiPengguna utamaSoviet Air ForcePengguna lainPeople's Liberation Army Air ForceTahun produksi1953–1968Jumlah produksi2,172 (excl. China)VarianShenyang J-6Nanchang Q-5 MiG 19 di monino tahun 1997 MiG-19 (bahasa Rusia: Микоян и Гуревич МиГ-19) (kode NATO Farmer) adalah pesawat tempur jet supersoni...

 

Tunisian mixed martial arts fighter Mounir LazzezMounir Lazzez VS Dmitrijs Homjakovs in 2018.Born (1987-11-16) November 16, 1987 (age 36)Sfax, TunisiaOther namesThe SniperNationalityTunisianHeight6 ft 1 in (1.85 m)Weight170 lb (77 kg; 12 st 2 lb)DivisionWelterweightReach76.0 in (193 cm)[1]Fighting out ofSfax, TunisiaTeamTeam Nogueira DubaiYears active2012–presentMixed martial arts recordTotal14Wins11By knockout8By decision3...

Community college in Hayward, California This article relies excessively on references to primary sources. Please improve this article by adding secondary or tertiary sources. Find sources: Chabot College – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (July 2022) (Learn how and when to remove this template message) Chabot CollegeTypePublic community collegeEstablished1961PresidentJamal A. Cooks[1]Administrative staff516Students13,145[2]L...

 

КоммунаСен-КсандрSaint-Xandre Герб 46°12′ с. ш. 1°06′ з. д.HGЯO Страна  Франция Регион Пуату — Шаранта Департамент Шаранта Приморская Кантон Ла-Рошель 5-й кантон История и география Площадь 13,29 км²[1] Часовой пояс UTC+1:00, летом UTC+2:00 Население Население 4488 человек...

 

Giovanni Battista di Quadro of Lugano - creator of the Poznań City Hall Town hall, Poznań Coat of arms of G. B. di Quadro on town hall in Poznań Giovanni Battista di Quadro (Polish Jan Baptysta Quadro, Latin Joannes Baptista Quadro) (died between 10 April 1590 and 16 January 1591) was an Italian renaissance architect, one of the most famous architects in Central Europe in his era. Biography He was born Ponte Tresa or Cadro, near Lugano (today Switzerland). Until 1550, he probably worked in...

American film actor For the rugby player, see Cliff Lyons. This article needs additional citations for verification. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: Cliff Lyons actor – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (January 2021) (Learn how and when to remove this template message) Cliff LyonsBornClifford William Lyons(1901-07-01)July 1, 1901Lake...

 

Questa voce sull'argomento hockey su ghiaccio è solo un abbozzo. Contribuisci a migliorarla secondo le convenzioni di Wikipedia. Segui i suggerimenti del progetto di riferimento. Emirati Arabi Uniti Uniformi di gara Casa Trasferta Sport Hockey su ghiaccio Federazione UAEISF Codice CIO EAU Colori                     Selezionatore David Rich Record presenze Juma Al-Dhaheri (108) Capocannoniere Juma Al-Dhaheri ...

 

Aula Pameran Persahabatan Internasional di Gunung Myohyang, Korea Utara. Gerbang yang berada di Istana Gyeongbok, Korea Selatan. Sungyang Seowon, sebuah institut akademik yang berasal dari dinasti Joseon dan kuil Konghucu. Arsitektur Korea merujuk pada lingkungan binaan Korea dari sekitar 30.000 SM sampai sekarang. Sejarah Sejarah perkembangan arsitektur di Korea dapat dibagi menjadi sembilan masa. Zaman kuno Arsitektur awal di Korea disebut periode kuno yang berkembang pada zaman neolitikum ...

The Metropolis of Kitros, Katerini, and Platamon (Greek: Ιερά Μητρόπολις Κίτρους, Κατερίνης και Πλαταμώνος) is an Eastern Orthodox metropolis of the Church of Constantinople, but is de facto is administered (by agreement) for practical reasons as part of the Church of Greece. The bishopric is centered on the ancient town of Pydna,[1] on the coast of Thessaly[2][3] although named for the nearby settlements of Kitros and Katerin...

 

圣普里Saint-Prix 法國市镇圣普里的位置 圣普里显示法国的地图圣普里显示索恩-卢瓦尔省的地图坐标:46°57′22″N 4°04′19″E / 46.9561°N 4.0719°E / 46.9561; 4.0719国家 法國大区 勃艮第-弗朗什-孔泰大区省 索恩-卢瓦尔省面积1 • 市镇34.14 平方公里(13.18 平方英里)人口(2021年)[1] • 市镇203人 • 密度5.95人/平方...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!