Замок Борл (германски: Ankenstein) [1][2] — импозантен средновековен замок над бреговите на Драва североисточно од главната населба во Долане, Словенија. Веројатно датира од 12 век со додатоци од 15 и 17 век.[3] До денешен ден опстанале некои ѕидни слики, скулптури и внатрешен мебел. Во Втората светска војна, помеѓу 1941 и 1943 година, замокот служел како затвор на Гестапо. Отпрвин, шталите на замокот, а подоцна и самиот замок биле користени за затворање, испрашување и мачење на осомничени. Во 1956 година била отворена спомен-соба и била откриена спомен-плоча во замокот. Заштитен е како споменик на културата од национално значење.[4]