Следниве села припаѓаат на општината Бозау: Бихел, Брак, Бракраде, Хасендорф, Хуцфелд, Кикбуш, Клајнојдорф, Кленцау, Линсфелд, Леја, Мајенфелде, Квисдорф, Тирк и Вебс.
Црква Св. Петар
Знаменитост на Бозау е црквата посветена на Св. Петар и била изградена во 1151/1152 година. Била основана во текот на христијанизацијата на тогашниот словенски источен Холштајн (Ostholstein). Мисионерот, Вицелин, бил назначен во 1149 година од Хајнрих Лавот како епископ на Олденбург во Холштајн, а Бозау бил привремено епископско седиште, кога била изградена и црквата. Во 1152 година, Вицелин добил удар и умрел во 1154 година во Нојминстер. Свештеникот Хелмолд фон Бозау го запишал ова во неговата Chronica Slavorum.
Летни концерти и академии
Преку 40 години, Евангелистичката лутеранска црква во Бозау организирала летни концерти во Бозау (Bosauer Sommerkonzerte) во црквата Св. Петар. Од 2003 година, музичарот и оргулар во Бозау, Сергеј Черепанов, бил уметнички директор на летните концерти. Фестивалот го направил привлечен со различни настани: оргуларички концерти на класичен начин, денови на алтернативна оргуларичка музика, концерти, камерна музика, хорски и и соло настапи. Од 2008 година, летните концерти биле спонзорирани од здружението „Пријатели на летните концерти во Бозау“ (Freunde der Bosauer Sommerkonzerte), кои помагале во настанот.
По првпат во 2009 година била одржена Меѓународната летна академија во Бозау (Internationale Sommerakademie Bosau), истовремено со летните концерти, со над 35 учесници од неколку земји. Летната академија била започната и организирана од Черепанов, но поддршката стигнала од кадарот на Високата музичка школа во Либек. Завршните концерти на студентите на академијата и наставниците се привлечен додаток на летните концерти. Летната академија се одржува како дел од летните концерти.
Администрација
Иако Бозау се наоѓа во округот Источен Холштајн, од 1 јануари 2007 година припаѓа на општинската заедница Големо Пленско Езеро, чии останати членови припаѓаат на округот Плен.
Грб
„Поделен. На лево во сино, сребрена стилизирана глава на орел со клун, на десно во црвено златен лав“.[2]
Економија
Бозау е прогласен за воздушна бања (Luftkurort) со над 100.000 ноќевања годишно. Балтичкото Море се наоѓа на само 20 километри.