Антацид е супстанца која ја неутрализира желудочната киселина и се користи за да ја ублажи жиговината и диспепсијата.
Антацидите кои содржат магнезиум може да предизвикаат дијареа, а оние со калциум или алуминиум може да предизвикаат констипација и во ретки случаи, долготрајната примена може да предизвика бубрежни камења. Долготрајна примена на антациди кои содржат алуминиум може да го зголемат ризикот за појава на остеопороза.[1]