Ана Малешевска

Ана Малешевска
Родена Дупница, Бугарија
Починала Бугарија
Занимање учителка
Сопружник Крсто Асенов, кукушки окружен војвода
Татко Никола Малешевски, пунктов началник на ТМОРО во Дупница

Ана Малешевска ( 1884 во Дупница1942) — македонска учителка, учесничка во Илинденското востание и деец на ВМРО.[1]

Животопис

Учителка, учесничка во Илинденското востание, ќерка на Никола Малешевски, пунктов началник на ТМОРО во Дупница. Гимназија завршила во Солун. Учителствувала во Кукуш, каде што се вклучила во ТМОРО. Влегла во четата на кукушкиот окружен војвода Крсто Асенов (во пролетта 1903 г.). На Илинден (1903), при осветувањето на востаничкото знаме, се венчала со Крсто Асенов во црквата во село Корничор. Поради тоа војводата Асенов бил убиен од негов четник. По овој драматичен настан Ана заминала од четата и се посветила на учителската дејност.

Наводи

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Малешевска“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 904. Text "series " ignored (help)

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!