Амазон е регион во Перу. Регионот се наоѓа во северниот дел од земјата и граничи со Еквадор на север и запад, со Ла Либертад на југ и со Лорето и Сан Мартин на исток. Главен административен центар на регионот е Чачапојас.
Географија
Регионот Амазон е воглавно покриен со прашуми и планински венци. Шумската зона доминира (72.93%) и се протега северно сè до границата со Еквадор. Планинскиот дел се наоѓа во јужниот дел од регионот и зазема само 27.07% од вкупната површина на регионот.
Долините и висорамнините во шумскиот дел му дале големо географско значење на регионот, но истото значење е зголемено со патните правци кои одат кон брегот, кои патем се пониски од остатокот на земјата. Така на пример, патниот правец Пасо де Поркулја е на надморска височина од 2.144 метри и тој е најнизок патен правец од сите перуански андски патни правци кои се поврзуваат со Пан-американскиот патен систем.
Поврзано
Надворешни врски