Александар Степанулески (р. 2 август 1987 во Прилеп) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Во 2010 година, Степанулески дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот за актерска игра. Во 2013 година, тој се вработил во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде останал до 2014 година, кога преминал во Драмски театар — Скопје.
Филмографија
Степанулески ги остварил филмските улоги:[1]
Награди
- Награда за најдобар млад актер „Трајко Чоревски“ за улогата на Калигула во претставата „Калигула“ во продукција на НУ Прилепски театар, доделена на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, 2012
- Награда за главна машка улога, за улогата на Јон во претставата „Пиреј“ на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, 2019
- Награда за најдобар глумец во претставата „Кафез кај кокони“ во продукција на Драмски театар - Скопје на Фестивалот „Денови на Комедија“, Куманово, 2023
Надворешни врски
Наводи