Александар Митровиќ (српски: Александар Митровић; роден на 16 септември 1994 година) — српски професионален фудбалер кој моментално настапува за англискиот Фулам и фудбалската репрезентација на Србија на позицијата напаѓач. На 18-годишна возраст, Митровиќ бил именуван во топ 10 талентите за категорија на фудбалери во Европа до 19 години, селектирани од страна на УЕФА.[2]
Тој е младински производ на Партизан, но на почетокот на кариерата бил позејмен наТелеоптик, но сепак останал како дел од првиот тим, со кој ја освоил Суперлигата на Србија во својата прва сезона. По две сезони во Партизан тој му се приклучил на белгискиотАндерлехт за клупски рекорд од 5 милиони евра, постигнувајќи 44 гола во 90 натпревари во сите натпреварувања во период од две сезони. Тој ја освоил Белгиската про-лига во својата прва сезона со клубот, и бил најдобар стрелец во лигата во својата втора сезона. Во 2015 година тој се преселил во Премиер лигата во тимот на Њукасл за 13 милиони фунти.
Митровиќ и помогнал на српската репрезентација под 19 години да го освои Европското првенство под-19 години во 2013 година, каде бил именуван за најдобар играч на турнирот. Од таа година, тој исто така е стандарден сениорски репрезентативец со над 20 настапи.
|accessdate=
|access-date=