Меѓународниот аеродром во Приштина (IATA: PRN, ICAO: BKPR / LYPR) (албански: Aeroporti Ndërkombëtar i Prishtinës; српски: Међународни аеродром Приштина), е меѓународен аеродром сместен 16 километри од центарот на Приштина, Косово. Аеродромот е под раководство на владата на Косово, по предавањето на контролата од страна на УНМИК, и е главна порта за влез во Косово[2].
Историја
Аеродромот во Приштина беше официјално отворен во 1965 година, со една и едиствена цел, летови од и до Белград.
Во текот на 90-тите години, аеродромот започна да оперира на меѓународни одредишта, главно до Швајцарија и Германија. По завршувањето на косовската војна, од 12 јуни 1999 до 26 јуни 1999 година имаше мала напнатост помеѓу НАТО и Руските воени сили коишто во тие моменти го имаа заземано аеродромот. По потпишувањето на договорот со којшто Руските воени сили ќе останат дел од мировните сили во Косово, аеродромот беше реактивиран како воен аеродром на 15 октомври 1999 година, а потоа и како цивилен аеродром со оперирање на неколку одредишта ширум Европа.
Награди
Во Јуни 2006 година, аеродромот ја доби наградата за најдобар аеродром за 2006 година во категориите: развој на аеродромот, операции, аеродромски објекти, безбедност и однос кон патниците од страна на Меѓународниот совет за аеродроми.
Авиокомпании и одредишта
Следните авиокомпании оперираат од аеродром заклучно со јули 2008:
Charter Airlines
- Air Italy (Верона)
- Atlasjet (Анталија, Истанбул Ататурк)
- Aurora Airlines (Диселдорф, Минхен, Хановер, Келн/Бон, Штутгарт, Марибор, Виена, Венеција)
- Edelweiss Air (Женева, Цирих)
- Hello (Женева, Цирих, Базел)
- Jettime (Гетеборг)
- SunExpress (Анталија)
- Swiss International Air Lines (Цирих)
Наводи