Џин — суштество во митологијата и во фолклорот кое се одликува со огромни димензии и со голема сила. зборот „џин“ првпат бил употребен во 1297 година во хрониките на историчарот Роберт од Глостер,[1] а потекнува од грчкиот збор „Γίγαντες“ што значи голем.[2] Од друга страна, некои сметаат дека ликот и името на џинот се од персиско потекло.[3]
Одлики на џинот
Џинот најчесто има човечки лик, само што неговите димензии се огромни. Сепак, понекогаш, џинот е претставен и како получовек и полуживотно. Во турските бајки, џиновите се непријателски расположени кон луѓето и се хранат со нив. Понекогаш, како во турската бајка „Џинот Рузгјар“, тие се опишани како невидливи суштества кои летаат со огромна брзина и можат за еден миг да се појават или да избегаат. Често, џиновите грабнуваат девојки или царски ќерки и ги принудуваат да им бидат жени или слугинки. Посебна улога во бајките имаат мајките на џиновите. По правило, тие имаат поголем број синови кои ѝ се многу потчинети. Во турските бајки, мајките-џинови веднаш стануваат добри (дури и на штета на своите синови), ако главниот јунак ги поздрави љубезно, им бакне рака, им се поклони или ги нарече „мајчичке“.[4]
Џинот во митологијата
Во старогрчката митологија се среќаваат повеќе ликови на џинови. Таков е Аргус, наречен „Паноптес“, т.е. „оној што гледа сè“, а кој бил опишан како суштество со многу очи (често, и со сто очи). Епитетот Паноптес е опишан во делови од изгубената поема Егимиј, која му се пришишува на Хесоид:[5] Аргус, кој ја чувал нимфата Ија бил убиен од Хермес по налог на Зевс.
Во нордиската митологија е познат џинот Бергелмир, внук на исконскиот џин Имир. Бергелмир и неговата сопруга биле единствените преживеани од огромниот потоп создаден од крвта од раните на Имир, кога тој бил убиен од Один и неговите браќа. Потоа, Бергелмир станал родоначалник на новата раса џинови. Други познати џинови во нордиската митологија се: Нарфи, Логи, Егир, Фарбаути, Форнјот, Сутунгр, Грејп итн.
Во мајанската митологија е познат џинот Чималмат.[6]
Џинот како лик во фолклорот
Џинот се јавува како главен или спореден лик во повеќе бајки. На пример, во бајката „Храбриот кројач“ на браќата Грим, кројачот среќава џин кој може да го стегне каменот толку силно што од него протекува вода; исто така, тој фрла камен дури до небото и корне дрво; подоцна, кројачот успева да ги надмудри џиновите кои почнуваат меѓусебно да се борат до смрт.[7] Во бајката „Младиот великан“ од браќата Грим, еден човек има син, малечок колку најмалото прсте на раката. Детето го граба еден џин кој неколку години го храни со ореви и така тоа станува џин. Потоа, тоа се зафаќа со разни занимања, но секогаш предизвикуав штета поради својата голема сила.[8]
Џинот како мотив во уметноста и во популарната култура
Наводи
- ↑ Robert, of Gloucester; Wright, William Aldis (1887). The metrical chronicle of Robert of Gloucester. University of California Libraries. London : Printed for H.M. Stationery off., by Eyre and Spottiswoode. стр. 25.
- ↑ γίγαντες, Georg Autenrieth, A Homeric Dictionary, on Perseus Digital Library
- ↑ Славољуб ђинџић, „Поговор“, во: Турске бајке. Београд: Народна кљига, 1978, стр. 213.
- ↑ Славољуб ђинџић, „Поговор“, во: Турске бајке. Београд: Народна кљига, 1978, стр. 213-214.
- ↑ Hesiodic Агимиј, fragment 294, reproduced in Merkelbach and West 1967 and noted in Burkert 1983:167 note 28.
- ↑ Пантеон на Маите: Многуте богови на Маите World History Encyclopedia
- ↑ Браќа Грим, Храбриот кројач, Култура, Скопје (без дата).
- ↑ Браќа Грим, Сказни. Наша книга, Скопје, 1972, стр. 4-11.
- ↑ Летаат приказни. Скопје: Темплум, 2019, стр. 13.
- ↑ Discogs, Gentle Giant (пристапено на 12.11.2022)
- ↑ YouTube, Young Marble Giants - Colossal Youth -Full Album- HQ (пристапено на 31.1.2017)
- ↑ IMBd, The BFG (2016) (пристапено на 29.11.2016)