Џамија на агите или џамија Агалар (турски: Ağalar Camii) — џамија која се наоѓа во Истанбул, Турција.
Местоположба
Џамијата се наоѓа во дворот на палатата Топкапи-сарај, во населбата Фатих во Истанбул.
Џамијата на агите е најголемата џамија во палатата и една од најстарите градби која датира од 15 век за време на владеењето на Мехмед II. Џамијата била користена од султанот, агите и странците кои престојувале во палатата. Во нејзина близина се наоѓа библиотеката на Ахмед III[1].
Во 1928 година од библиотеката на Ахмед III биле донесени 13.500 турски, арапски, персиски и грчки книги и ракописи во џамијата, од времето на третиот калиф Утман Ибн Афан.
Наводи
Надворешни врски