Џамијата Михримах Султан (турски: Mihrimah Sultan Camii) е џамија која се наоѓа во Истанбул, Турција. Оваа џамија била изградена од страна на познатиот отомански архитект Мимар Синан и била посветена на ќерката на Сулејман Величествениот, принцезата Михримах. Џамијата се наоѓа на врвот од шестиот рид на стариот Цариград[1], правејќи ја една од главните обележја на градот.
Градбата на оваа џамија траела во периодот од 1562 до 1565 година[2]. Самиот комплекс бил на неколкупати разрушуван од страна на земјотреси и тоа во 1719, 1766, 1814 и 1894 година. Во текот на времето, џамијата била реконструирана постојано. Во 1999 година исто така бил разрушен дек од џамијата како и еден дел од минариња.
Наводи
- ↑ Rogers, Sinan, pp. index
- ↑ Faroqhi, Subjects of the Sultan.