Џамија Кебир Мехмед Челеби — стара османлиска џамија во Скопје. Му припаѓа на Скопското муфтиство на ИВЗ и прогласена е за културно наследство на Македонија.[1]
Местоположба
Храмот е сместен во центарот на Скопје, северно од Вардар, до кампусот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Историја
Над влезот на џамијата има камена плоча на која стои дека џамијата е изградена на 4 мухарем 874 година по хиџрата (14 јули 1469 година по Христа). Нејзин ктитор бил Кебир Мехмед Челеби, син на Исхак-бег и внук на завојувачот на Скопје, Јигит-паша.[2]
Џамијата настрадала во Скопскиот земјотрес од 1963 г. Во 2016 г. е обновена со финансиска поддршка од Турција. Реставрирана е според нејзиниот изворен изглед, освен шадрванот, за чиј изглед нема податоци, па затоа е обновен во облик типичен за епохата.[3]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски