Јуроајс Класик 2016 (претходно позната како Ватенфал Класик) — 21. издание на германската велосипедска класична трка Јуроајс Класик. Се одржала на 21 август 2016 година.[1]
Трката била освоена од Кејлеб Јуан во спринт, откако резултатот на Насер Бухани бил поништен поради нерегуларен спринт.
Рута
Јуроајс Класик била единствена трка која се одржала во рамките на Светската турнеја во 2016 година.
Екипи
Бидејќи Јуроајс Класик е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[2] Четири професионални континентални екипи биле дополнително поканети, со што била заокружена главната група од 22 екипи.
Екипи од Светската турнеја на UCI (18)Професионални континентални екипи (4) |
|
Извештај од трката
Трката започнала во 11:30 часот по месно време, при што првакот од претходната година Андре Грајпел ја бранел титулата.[3] Од главната група најпрвин се одвоиле шест возачи, а во текот на рутата водечката група се намалила на четворица, возејќи на делумно влажни патишта поради слаби врнежи. Првобитна, водечката група се состоела од Лукас Пестлбергер (BOA), Матео Монтагути (Ag2R), Алесандро Де Марки (BMC), Камил Градек (VAT), Матеј Мохорич (LAM) и Максат Ајазбајев (AST). По 217 километри, групата од четворица била достигната пред целта. Насер Бухани (COF) бил најбрз во завршниот спринт, пред Кејлеб Јуан (OBE), Џон Дегенколб (TGA) и Џакомо Ницоло (TFS).[4] Меѓутоа, поради неправилен спринт титулата на Бухани му била одземена, а Кејлеб Јуан бил прогласен за победник.[4]
Поредок
Завршен пласман
[5]
Наводи
Надворешни врски