„Шумата на обесениот“ (романски: Pădurea spânzuraților) е роман на романскиот писател Ливиу Ребреану. Објавен во 1922 година, делумно е инспириран од судбината на неговиот брат Емил Ребреану, офицер во Австроунгарската армија обесен за шпионажа и дезертерство во 1917 година, за време на Првата светска војна.
Романот послужил и како подлога за играниот филм Шумата на обесениот снимен во 1965 година[1].
Романот навлегува во некои од клучните драматични, цивилизациски и историски драми, противречности и цивилизациски катаклизми на почетокот од 20 век.[2]
Наводи