Во 1985 година, Шон Пен се оженил со музичката ѕвезда Мадона со која имал бурен брак,[3] а во 1987 година одлежал и затворска казна од 33 дена,[4] затоа што удрил еден обожавател, кој премногу се доближил до неговата сопруга. Следната година, Мадона повикала полиција, откако Пен ја нападнал физички, а во 1989 година, нивниот брак пропаднал.[5]
Пен по вторпат се оженил во 1996 година со глумицата Робин Рајт, а по свадбата, тие се преселиле во едно предградие во Северна Калифорнија,[2][6] со цел да живеат мирен живот, надвор од очите на јавноста. Нивниот брак завршил со развод во 2010 година,[7] а од него произлегле ќерката Дилан и синот Хопер. Подоцна, Пен стапил во врска со глумицата Шарлиз Терон.[8]
Кариера
Шон Пен се појавил во јавноста во 1980-тите години, како дел од генерацијата која ја сочинуваа Роб Лоу, Том Круз, Мет Дилон итн., а тој важел за „лошото момче“ во таа група, познат по тоа што возел мотор облечен во кожна јакна, се расправал со режисерите и со филмските студија, а физички се пресметувал и со папараците. Сепак, обдарен со голем дарба, тој станал познат по својата методска и трпелива работа на улогите, на кои им се посветувал со месеци.
Пен има настапено во голем број филмови, а двапати ја добил наградата „Оскар“, и тоа, еднаш за улогата во филмот „Мистична река“, а вториот пат за улогата во филмот „Милк“.[8]
Наводи
↑„Sean Penn“. Biography (англиски). Посетено на 2022-01-30. На |first= му недостасува |last= (help)
↑December 14, Joanne Kaufman Updated; Pm, 1987 12:00. „Everyone Said It Wouldn't Last...“. PEOPLE.com (англиски). Посетено на 2022-01-30.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
↑Archive, View Author; Author, Email the; Twitter, Follow on; feed, Get author RSS (2013-10-01). „Penn kids ready to break out“. New York Post (англиски). Посетено на 2022-01-30.