Шичичка Чука — археолошко наоѓалиште во Дрвош, Општина Босилово.
Претставува населба и некропола од римско време. На околу 4 км источно од селото, при обработувањето на земјата селаните откопале плочи од гробни конструкции, како и неколку надгробни стели со релјеф. На поголем дел од просторот се забележуваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал[1].
Поврзано
Наводи