Чука — археолошко наоѓалиште во Ново Село, Општина Ново Село.
Претставува населба и могила од доцноантичкото време. На работ на селото, на блага падина со површина од 150 × 120 м, која се спушта кон југ, има фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди, како и парчиња згура од топено железо. Нивната најголема концентрација е во нивите на С. Георгиев и И. Патулев. На теренот има и траги од уништена могила[1].
Поврзано
Наводи