Чука (грчки: Γήλοφος, Гилофос; до 1927 г.: Τσούκα, Цука)[2] — село на крајниот југ на Егејска Македонија, кај границата со Тесалија. Се наоѓа во општината Дескати, во областа Западна Македонија и се наоѓа мошне близу до самата граница со Тесалија. Според пописот од 2001 г., Чука има 141 жител.
Географија
Селото се наоѓа на самата географска граница помеѓу Егејска Македонија и Тесалија. Атарот се протега на вододелницата помеѓу македонската река Бистрица и тесалиската река Пенеј. Самото село се наоѓа на македонската страна на вододелницата, на околу 13 км јужно од гратчето Дескати и околу 75 км југоисточно градот Гребен.
Историја
Се претпоставува дека селото е основано во XIII век од албанојазични преселници од Северен Епир (денешна Јужна Албанија).
Во Османлиското Царство
Во османлиските записи од 1454-55 г. „Арнаут Чука“ е заведено како село со 47 семејства. Според документите на манстирот „Варлаам“ во Метеора од 1765 г., селото има 42 семејства. Извесно време било чифличко село на Вели-паша, син на Али-паша Јанински.
Со припојувањето Тесалија кон Кралството Грција во 1881 г., новата граница минувала неколку стотини метри јужно од селото, по возвишението Свети Илија. Подоцна, во јужниот дел од атарот е основано селото Нова Чука (во 1963 г. преименувано во Фотино). За неговата погранична положба сведочат и неколку преостанати турски караули од тоа време.[3]
Припојување во Грција
За време на Првата балканска војна во 1912 г. селото го окупираат грчки единици, а веќе по Втора балканска војна во 1913 г. станува дел од Грција.
Во 1927 г. името на селото е сменето во „Гилофос“.
Населението низ времето
Селото денес
Главна црква во селото е „Св. Димитрија“, изградена во VIII век, која има интересни живописи од првата половина на XIX век, зографисана од Василиос Цурхлис. Селска слава е Илинден (20 јули по унијатскиот календар), која се одржува во месноста Свети Илија јужно од селото.[4]
Наводи
Надворешни врски