Червиканско Поле — археолошко наоѓалиште во дојранското село Нов Дојран. Претставува депо на монети старомакедонски владетели од т.н. хеленистичкото време.
Депото се состои од 100 македонски монети ковани во Амфипол, Пела и Солун, меѓу нив една од кралот Филип V, откриени во ова наоѓалиште.[1]
Монетите денес се чуваат во Археолошкиот музеј во Загреб.
Поврзано
Наводи