Црн слез — растение од фамилијата Слезови (Malvaceae).
Опис на растението
Растението има стебло високо од 20 до 150 cm, растечко нагоре или легнато, најчесто разгрането и во основата вдрвенето.[3]Листовите имаат облик на дланка, на 3-5 места прстесто врежани, поставени на долги дршки.[4] Цветовите се многубројни, по 2-6 или повеќе во пазувите на листовите во гроздовидни соцветија и светловиолетови по боја.[3]
Употреба
Во 1931 година, англиската треварка и научник, Мод Грив, напишала дека „употребата на овој вид слез е заменета со мочуришниот слез (Althaea officinalis), кој ги поседува истите својства во поголем степен, но сè уште е омилен лек кај селаните каде што не може да се најде мочуриштен слез“. Варените млади листови се јаделе како зеленчук во неколку делови на Европа во 19 век.[5]
Во Мароко, Тунис и Палестина, листовите „Малва“ се попаруваат со лук и домати, и се јадат како предјадење или салата. Во Египет, од листовите се прави растително јадење слично на чорба, особено во зима. Во традиционална медицина, М. sylvestris се користи во билкарство,[6][7] посебно плодот.[8] Семето се вари и се пие густо или пак подготвено како чај, а листовите се користеле како надворешни облоги врз кожата.
Црниот слез долго време се користел како природен обојувач за добивање жолта боја.
↑ 3,03,1Захариев, Илчо; Гогушев, Георги; Велковски, Николчо; Гешева, Михаела (2012). Прирачник за собирачи на лековити билки и шумски плодови. Општина Делчево. стр. 36. ISBN9786086538811.
↑Кулеванова, Светлана; Стефков, Ѓоше (2004). Лековити и ароматични растенија : упатство и монографии за собирачи според принципите за органско производство. Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија. стр. 86. ISBN9989225923.