Успение на Пресвета Богородица или Света Богородица (грчки: Kοιμήσεως της Θεοτόκου) — црква во селото Црнешево, Мегленско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]
Црквата е гробиштен храм, сместен во Горното Маало на Црнешево. Изградена е во 1810-1811 г.[1]
Градбата е трикорабна базилика со дрвен покрив, типична за своето време.[1] Во апсидата има вредни фрески од XIX век. Наосот не е живописан.
Храмот има оригинална кулоовидна камнена камбанарија сместен западно од него.[1]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски