Успение на Пресвета Богородица (грчки: Ιερός Ναός Κοιμήσεως τῆς Θεοτόκου) — црква во градот Сер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.[1]
Историја
Црквата се наоѓа на улиците „Александридис“ бр. 10 и „Тесалоники“. Изградена е од грчките доселеници од Турција кои дошле во 1923 г. и ги основале населбите Нова Јонија, Византио и Писидија. На средба одржана на 12 мај 1952 г. 500 семејства потпишале молба за создавање на парохија и изградба на храм. Во 1955 г. е подигнат мал дрвен храм посветен на Успението Богородично како параклис на „Св. Архангели“. Во 1961 г. е прогласен за парохиски храм и исцртани се границите на новата парохија. Во 1962 г. започнала изградбата на нова црква со буџет од 1.800.000 драхми. Храмот има големи димензии — 35 на 18 м и по облик е крстокуполен. Апсидата на исток е тројна, а олтарот е мермерен. Внатрешноста е живописана од серскиот зограф Георги Златанов (Георгиос Златанис). Во него има три параклиса — „Пресв. Богородица Достојно ест“, „Св. Јован Руски“ и „Св. Анастасија Римска“.[1]
Поврзано
Наводи