Црквата е сместена на околу 5,5 километри од градот Битола. До него води асфалтен пат, најпрвин до селото Крстоар. Од селото, асфалтниот пат продолжува во должина од еден километар, на моменти стрмен и тесен.[2]
Црквата била подигната во четвртата декада од XIX век. Претрпела сериозна обнова во 1926 година.[2]
Архитектура
Претставува прилично голема еднокорабна градба, со петстрана апсида на исток и влезови кон наосот од западната и северната страна, а директно во олтарниот простор може да се влезе преку посебната врата на југоисточната страна.[2]
Историјата на храмот е испишана на мермерната плоча на фасадата над северниот влез.[2]
Фрескоживопис
Живопис се забележува и на надворешноста, односно има насликана претстава на Свети Христофор над западниот влез. Насликан е во медаљон, претставен во цел раст со повеќето негови атрибути. На рамото го носи малиот Христос, додека во едната рака држи копје, а со левата го придржува маченичкиот крст. Покрај тоа, запишана е 1926 година како година на сликање на претставата.[2]
Во храмот нема сочувано ѕидно сликарство од изградбата на црквата. Оној живопис што може да се сретне во апсидата на црквата и на темето од сводот, насликано е за време на нејзината обнова во 1926 година.[2]
Иконостас
Иконостасот во црквата бил направен во третата декада од XX век. Бил направен со три реда на икони, царски двери и високи врати на јужниот и на северниот дел.[2]
Во црквата се зачувани само неколку празнични икони од XIX век.[2]
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.