Свети Симеон Столпник и Симеон Богопримец (грчки: Ιερό Παρεκκλήσιο Ἁγίων Συμεών τοῦ Στυλίτου καί Θεοδόχου) — црква во градот Сер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.[1]
Историја
Храмот се наоѓа на главната улица „Леонидас Папапавлу“ во северниот крај на градот. Подигнат е во 1835 г. од ктиторите Хаџи Апостолис и Хаџи Кирјаки Катирѕоглу. Во црквата се чува икона на Богородица од 1782 г. Останати вредни старини од неа се пренесени во Музејот на Серската митрополија.[1]
Поврзано
Наводи